Пријатели (ТВ-серија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Јазична исправка, replaced: Њу Јорк → Њујорк (4) using AWB
Ред 33:
== Појавувања во серијата ==
ТВ серијата Пријатели имала многу познати личности како второстепени ликови. Некои од овие се [[Бред Пит]], [[Брус Вилис]], [[Џорџ Клуни]], [[Шон Пен]], [[Дени ДеВито]], [[Робин Вилијамс]], [[Хелен Хант]], [[Брук Шилдс]], [[Џулија Робертс]], [[Сара Фергусон]], [[Бен Стилер]], [[Алек Болдвин]], [[Ралф Лорен]], [[Ана Ферис]], [[Сузан Сарандон]], [[Винона Рајдер]] и [[Изабела Роселини]].
Исто така, четири ѕвезди од ''[[CSI]]'' глумеле во Пријатели: [[Аиша Тајлер]] од [[ЦСИ Лас Вегас|CSI: Лас Вегас]], Еди Калил од [[CSI: Њу ЈоркЊујорк]], и Емили Проктер и Софија Милос од [[CSI: Мајами]].
 
== Позадина на серијата ==
Ред 80:
=== Шеста сезона (1999-2000) ===
 
Кога Чендлер и Моника ги здогледуваат Рос и Рејчел во капелата, се одлучуваат да не се венчаат. Откако ќе дознаат дека се венчани, Рос и Рејчел се согласуваат да го поништат бракот за Рос да не доживее трет развод, но тој вели дека тоа е пропаднат брак. Ја лаже Рејчел велејќи и дека го поништил бракот, а всушност не го направил тоа. Рејчел дознава за ова и го тера Рос да го поништи, но дознаваат дека не можат, па затоа поднесуваат за развод. Рос добива нова работа во [[Универзитетот Њу ЈоркЊујорк]], да предава палеонтологија. Евентуално, излегува и со сестрата на Рејчел, Џил, а подоцна и со една од неговите студентки, Елизабет.
 
Чендлер и Моника не се венчаа, но сепак живеат заедно, а Рејчел се вселува кај Фиби. Џои наоѓа цимерка, Жанин, и по некое време, почнуваат да излегуваат. Кога Жанин му открива дека не и се допаѓаат Чендлер и Моника, Џои и раскинува. Без работа и очаен за пари, Џои наоѓа работа во Централ Перк и оди на повеќе аудиции сè додека не ја добие главната улога во ''„Мек и С.И.Р.Е.Њ.Е“'', но не за долго. Пожар (почнат од пеглата за коса на Рејчел) го уништува нивниот стан. Рејчел се вселува кај Чендлер и Моника, а Фиби кај Џои. Откако Фиби дознава дека пожарот настанал поради Рејчел, тие се сменуваат со станови, бидејќи се согласуваат дека Фиби го заслужува подобриот стан, а тој е, секако, на Моника и Чендлер, па затоа Рејчел оди да живее со Џои.
Ред 101:
 
=== Деветта сезона (2002-2003) ===
Рејчел сфаќа дека Џои не ја запросил, но ни Рос. Откако Рос нема да и пренесе порака од едно момче на Рејчел, двајцата ќе сфатат дека иако имаат дете и живеат заедно, но не СЕ заедно, многу е комплицирано, па затоа Рејчел се сели кај Џои со Ема. Чендлер мора да оди да работи во [[Талса]], [[Оклахома]]. Моника решава да не оди со него, откако и ја нудат работата од соништата во Њу ЈоркЊујорк. Чендлер на почетокот издржува, но откако ќе му речат дека треба да работи за време на Божиќ, тој почнува да размислува да даде оставка. Кога ќе му се пушти една асистентка Венди, тој дава оставка и наоѓа нова работа во адвертајзинг. Откако цела сезона неуспешно се обидува да остане бремена, тестовите ќе покажат дека Чендлер и Моника не можат да зачнат бебе, па затоа одлучуваат да посвојат. Фиби почнува да излегува со Мајк Хениган ([[Paul Rudd]]) откако Џои ќе и го намести (Џои всушност ја излажа дека знае некој тип што се вика Мајк, па оди во централ перк и вика „Мајк!“. Мајк Ханиган се врти и така го убеди да излезе со Фиби.). Тие почнуваат да живеат заедно, но раскинуваат кога тој ќе и каже дека не сака брак. Рејчел го сонува Џои и почнува да и се допаѓа.
 
Групата оди во [[Барбадос]] поради важен говор што треба да го одржи Рос. Фиби го носи своето старо момче, Дејвид, а Џои - неговата девојка Чарли, која пак е колешка на Рос, а и на Рос му се допаѓа. Чендлер не сакајќи му дава лош совет на Дејвид, и тој се одлучува да ја запроси. Моника дознава и му се јавува на Мајк за да му каже да се врати со Фиби. Мајк пристигнува во Барбадос и ја запросува Фиби. Таа го одбива, но повторно се заедно бидејќи знае дека нивната врска има иднина. Џои и Чарли раскинуваат. Џои дознава дека и се допаѓа на Рејчел, но ја одбива бидејќи чувствува дека така би го повредил Рос. Меѓутоа, откако Џои ќе ги види Рос и Чарли како се бакнуваат, се враќа во собата на Рејчел и ја бакнува.
 
=== Десетта сезона (2003-2004) ===
Џои и Рејчел се заедно само три епизоди. Откако нивната врска била платонска толку долго, сега им е непријатно да продолжат. Чарли му се враќа на едно поранешно момче. Мајк и Фиби се венчаваат пред Централ Перк на еден студен и снежлив ден. Чендлер и Моника поднесуваат за посвојување дете од една млада жена, Ерика, и одлучуваат да се преселат во предградијата на Њу ЈоркЊујорк. Ерика раѓа близнаци, машко и женско, кои се крстени Џек (по таткото на Моника), и Ерика. Чендлер и Моника се согласуваат дека две деца е добра работа.
 
На Рејчел и нудат работа во [[Париз]], но се двоуми дали да ја прифати бидејќи Ралф Лорен и ја нуди повторно старата работа со поголема плата (откако беше отпуштена претходно во сезоната). Конечно, се одлучува да ја прифати понудата во Париз и да ја земе Ема со неа. Групата се збогува со неа, секој посебно, и таа со сите се поздравува, освен со Рос. Тој е лут поради ова, но сè додека Рејчел не му каже дека и е тешко да се збогува со него. Подоцна, тие спијат заедно.
Ред 119:
''Пријатели'' влијаеше во многу полиња на популарната култура, а посебно во модата. Фризурите на женските ликови во серијата станаа секојдневни во светот, а косата на Џенифер Анистон доби и прекар „The Rachel“.
 
Фразата на Џои Трибијани ''„How you doin’?“'' стана популарна во западно-англискиот сленг и се користи при поздрави.
 
Кафулето ''Централ Перк'' доживеа имитации во многу земји од светот. Во [[2006]], ирански бизнисмен започна „Централ Перк“ франшиза, регистрирајќи го името во 32 земји. Декорацијата е инспирирана од онаа во ''Пријатели''. [[Џејмс Мајкл Тајлер]], кој во серијата го толкува Гантер, келнерот во кафулето, присуствуваше на отворањето во [[Даблин]].
 
== Гледаност ==
66-минутното финале беше означено како најголемиот ТВ момент за [[2004]], а истата година беше втора најгледана епизода со 52,5 милиони гледачи (43% од сите гледачи таа ноќ). Сепак, не успеа да постигне поголем успех од финалето на [[M*A*S*H]] (106 милиони) во [[1983]] (кое воедно е и најгледана епизода во ТВ историјата на [[САД]]), ''[[На здравје]] (Cheers)'' (80,4 милиони) во [[1993]] и [[Сајнфелд]] (76,3 милиони) во [[1998]].
 
Сезонска гледаност на ''Пријатели'' на NBC според истражувањата на ''Нилсен''.
Ред 226:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Телевизиски серии со почеток во 1994 година]]