Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Литература: clean up, replaced: language = Spanish → language = es using AWB
с →‎Воена кариера во Европа: Правописна исправка, replaced: Мелилја → Мелиља using AWB
Ред 81:
== Воена кариера во Европа ==
[[Податотека:La_Rendición_de_Bailén_(Casado_del_Alisal).jpg|thumb|left|200px|Слика на сцена од битката на Баилен. Ова е една од најзначајните битки од Полуостровската војна во која имал учество и Сан Мартин.]]
Своите почетоци во воената кариера Сан Мартин ги остварил во Европа. Сан Мартин учествувал во неколку шпански акции во [[Северна Африка]], меѓу кои и борбите во [[МелилјаМелиља]] и [[Оран]] против [[Мури]]те во 1791 година.{{sfn|Galasso|2000|p=24–26}} Неговиот ранг бил издигнат на потпоручник во 1793 година, на само 15 годишна возраст. Тој почнал да гради морнаричка воена кариера за време [[војната на Втората коалиција]], кога [[Шпанија]] била во сојузништво со [[Франција]] во борбите против [[Велика Британија]], за време на [[Француска револуција|Француската револуција]]. Неговиот брод [[ХМС Санта Доротеја (1898)|ХМС Санта Доротеја]] бил заробен од британските сили, кои пак го држеле Сан Мартин како затвореник одредено време. Многу набрзо, тој продолжил да се бори во јужна Шпанија, воглавно во [[Кадиз]] и [[Гибралтар]] со ранг ''втор капетан на лесна пешадија''. Исто така Сан Мартин продолжил да се бори и со [[Португалија]] на страната на Шпанија за време на [[Портокалова војна|Портокаловата војна]] во 1801 година. Сан Мартин бил унапреден во чин капетан во 1804 година.{{sfn|Galasso|2000|p=26–27}} За време на негиот престој во Кадиз, тој бил под влијание на идеите на [[шпанска преродба|шпанската преродба]].{{sfn|Galasso|2000|p=28}}
 
Кога избила [[Полуостровска војна|Полуостровската војна]] во 1808 година, Сан Мартин бил именуван како [[аѓутант]] на [[Франсиско Марија Ортиз де Росас]]. За Росас тогаш се посомневало дека е [[франкофил (преродба)|франкофил]] (''афрансесадо'', ''afrancesado'') и бил убиен од страна на општонародните бунтовници и неговото тело било влечено низ улиците. Подоцна, Сан Мартин бил испратен во редовите на војската во [[Андалузија]] и предводел баталјон волонтери. Во јуни 1808 година неговата единица била приклучена во герилските борби предводени до [[Хуан де ла Круз Моурхеон]]. За време на [[битката во Архонилја]] Сан Мартин за многу малку ќе погинел во борбите, но сепак него го спасил наредникот Хуан де Диос. На 19 јули 1808 година шпанските и француските сили влегле во [[битката на Баилен]], каде шпанските сили забележале победа и со тоа се овозможил напад и опсада на [[Мадрид]]. За неговите дејства за време на таа битка, Сан Мартин добил златен медал и неговиот ранг бил унапреден на ниво на командант. На 16 мај 1811 година Сан Мартин учествувал во битката на Албуера под команда на генералот [[Вилијам Кар Бересфорд]]. До тоа време француските сили го имале под контрола поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров, освен Кадиз.{{sfn|Galasso|2000|p=26–32}}