Милениумски развојни цели: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
Ред 6:
Целта на Милениумските развојни цели е да се поттикне развој преку подобрување на социјалните и економските услови во најсиромашните земји во светот. Тие произлегуваат од претходните меѓународни развојни цели и официјално беа воспоставени по Милениумскиот самит во [[2000]] година кадешто сите светски лидери ја усвоија Милениумската декларација на Обединетите нации, а од кадешто произлегуваат и осумте цели предводени од групата на [[Џефри Сакс]].
 
На Милениумскиот самит беше презентиран и извештајот на Генералниот секретаријат под наслов „Ние луѓето: улогата на Обединетите Нации во 21-от век“. Милениумскиот форум подготви и дополнителен влез кадешто се собраа претставници од повеќе од 1.000 невладини организации како и организации на граѓанското општество од повеќе од 100 земји. Форумот се одржа во мај 2000 година со цел да се затвори двегодишниот процес на консултации којшто ги опфаќа проблемите како што се искоренување на сиромаштијата, заштита на животната средина, човекови права и заштита на ранливите групи. Одобрувањето на Милениумските развојни цели е веројатно најважниот исход на Милениумскиот самит. Во областа на мирот и безбедноста, усвојувањето на Извештајот на Брахими се смета за правилно опремување на организацијата за спроведување на мандатите од страна на [[Советот за безбедност]].
 
=== Идеите пред Милениумските развојни цели ===
Ред 12:
Милениумските развојни цели потекнуваат од Милениумската декларација на Обединетите нации. Според декларацијата, секој поединец има право на достоинство, слобода, еднаквост, основен стандард на живеење којшто вклучува и ослободување од глад и насилство, а ја поттикнува и толеранцијата и солидарноста. Милениумските развојни цели имаат за цел да ги воспостават овие идеи преку поставување цели и индикатори за намалување на сиромаштијата со цел да се постигнат правата содржани во Декларацијата во наредните петнаесет години.
 
Милениумските развојни цели се осврнуваат на три главни области од човековиот развој (човештвото): зацврстување на човечкиот капитал, подобрување на инфраструктурата како и зголемување на социјалните, економските и политичките права кадешто фокусот главно се става врз зголемување на основните стандарди за живеење.
 
Целите, избрани во рамките на фокусот врз човековиот капитал, вклучуваат: подобрување на исхраната, здравството (вклучувајќи намалување на нивото на смртност кај децата, хив/сида, [[туберколоза]] и [[маларија]] како и зголемување на репродуктивното здравје и образование.
 
За фокусот врз инфраструктурата, целите вклучуваат: подобрување на инфраструктурата преку зголемување на пристапот до безбедна вода за пиење, енергија и технологија на модерно информирање и комуницирање; проширување на земјоделското производство преку одржливи практики; подобрување на транспортната инфраструктура; како и заштита на животната средина.
 
И на крај, целите за фокусот врз социјалните, економските и политичките права вклучуваат: права на жените, намалување на насилството, зголемување на политичкиот глас, обезбедување на еднаков пристап до јавните услуги како и зголемување на безбедноста на имотните права. Избраните цели се наменети за да се зголемат човековите способности на поединецот како и „унапредување на средствата за продуктивен живот“. Милениумските развојни цели придаваат големо значење на политиките на поединецот, па за да се постигнат, тие треба да се прилагодат на потребите на поединецот. Оттука, најголемиот број на предлози за политиките се општи.
Ред 67:
 
* Стапка на смртност под пет години
* Стапка на смртност на доенчиња (бебиња коишто сеуштесè уште немаат 1 година)
* Процент на едногодишни деца вакцинирани против [[мали сипаници]].
 
Ред 206:
=== Предизвици на Милениунмските развојни цели ===
 
Иако финансиската помош на развиените земји за постигнување на Милениумските развојни цели се зголемуваше во последните неколку години, се покажа дека половина и повеќе од неа е наменето за ослободување од долгот на сиромашните земји. Исто така, останатите пари од финансиската помош се наменети за помош при природни катастрофи и воена помош со коишто земјата не постигнува дополнителен развој.
 
Според Одделот за економски и социјални прашања при Обединетите нации (2006 година), 50 најмалку развиени земји добиваат само окулу една третина од целата финансиска помош којашто доаѓа од развиените земји. Тоа го покрева прашањето дека финансиската помош од богатите за сиромашните не се распределува во зависност од нивните потреби за развој туку богатите ја распределуваат на нивните најблиски сојузници.
Ред 219:
Секоја напредна држава на економски план постепено ќе ја зголемува својата официјална помош за развој наменета за земјите во развој и напорно ќе работи за да постигне минимум нето износ од 0,7% од нејзиниот бруто национален производ до средината на оваа декада кога станува збор за пазарните цени.
 
Сепак, САД и некои други држави не се сложија за Монтерејовиот консензус којшто ги повикува развиените земји коишто не ја постигнале целта од 0,7% од бруто националниот производ (БНП) да го направат тоа во поскоро време како Финансиската помош за развој на прекуокеанските земји во развој“.
 
=== Помош за целта од 0,7% ===