Преспански договор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Содржина: дополнување
веќе објаснето, што е ново тука?
Ред 39:
 
== Содржина ==
Договорот налага [[Македонија|Република Македонија]] да го промени своето уставно име во Република Северна Македонија ([[Англиски јазик|англиски]]: ''Republic of North Macedonia''), со превод на сите јазици, државјанството да биде ''македонско/граѓанин на Република Северна Македонија,'' а официјалниот јазик на државата да продолжи да се именува како [[Македонски јазик|македонски јазик]] и да биде признат и од Република Грција. Ова го потврдил и [[Зоран Заев]], кој на прес-конференција во [[Владата на Република Македонија]] истакнал дека со договорот ќе се признае македонскиот јазик во [[Обединетите Нации]], а граѓаните ќе се нарекуваат како и порано, македонски.<ref>{{нмс|title=Заев: Постигнавме договор - Република Северна Македонија, со македонски јазик и македонски идентитет|url=https://kanal5.com.mk/articles/338076/zaev-postignavme-dogovor-republika-severna-makedonija-so-makedonski-jazik-i-makedonski-identitet|work=Кајгана|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Согласно Преспанскиот договор, кодовите на земјата остануваат ''MK'' и ''MKD'', со исклучок на регистарските таблички, каде што ќе се применува ''NM'' или ''NMK'', додека термините ''Македонија'' и ''македонски'' ќе можат да се употребуваат за територијата, јазикот, народот, историјата, културата и наследството на Република Северна Македонија. Се предвидува формирање на Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и подобрување на дипломатската, политичката, економската, образовната, полициската и одбранбената соработка.[https://vlada.mk/node/14958] Исто така, член 7 споменува дека и двете држави признаваат дека нивното соодветно разбирање на поимите „Македонија“ и „македонско“ се однесуваат на различен историски контекст и културното наследство. Кога се упатува на Грција, овие термини ја означуваат областа и луѓето од нејзиниот северен регион, како и хеленистичката цивилизација, историја и култура на тој регион. Кога се упатува на Република Македонија, овие поими ја означуваат нејзината територија, јазик и народ, со своја, различна историја и култура.
 
== Реакции ==