Свети Мартин Турски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Св.Свети Мартин од ТурТурски''' ([[латински]]: ''Sanctus Martinus Turonensis''; 316 или 336 – [[8 ноември]] [[397]]) — католички [[светец]].
 
== Житие ==
[[ImageПодатотека:Simone Martini 028.jpg|thumb|left|225px|Св. Мартин го напушта војничкиот живот на коњаник (фреска на Симоне Мартини)]]
[[FileПодатотека:El Greco - San Martín y el mendigo.jpg|thumb|Св. Мартин и просјакот (Ел Греко)]]
Св. Мартин бил третиот [[епископ]] во градот [[Тур]]. Кога му опаднала силата и се приближил часот на неговата смрт, се собрале жителите на [[Поатје]] и на Тур за да присуствуваат на неговата блажена [[смрт]]. Според пишувањето на [[Григориј од Тур]], веднаш по смртта на св. Мартин започнала голема расправа меѓу жителите на овие два града. Жителите на Поатје зборувале: „Тој е наш [[Свештенство|калуѓер]], кај нас стана [[свештенство|опат]] и бараме да ни го дадете. Доволно е што ги слушавте неговите проповеди, додека беше епископ на овој свет, јадевте на истата трпеза, тој ве поддржуваше со своите благослови, а покрај тоа, ве исполнуваа со радост чудата што ги правеше. Задоволете се со сето тоа, а нам нека ни припадне неговото мртво тело.“ Од друга страна, жителите на Тур одговарале: „Велите дека ни се доста неговите чудесни дела, но да знаете дека тој направи повеќе чуда кај вас, отколку овде. Зашто, ако оставиме настрана многу други работи, треба да се сетиме дека тој ви [[Воскресение|воскресна]] двајца мртовци, а нам само еден, впрочем, како што самиот зборуваше во повеќе наврати, неговата чудотворна сила беше поголема во времето пред да стане епископ, отколку откако беше положен за епископ. Значи, треба она што не стигна да го направи за нас додека беше жив, да го направи сега, кога почина. [[Бог]] го зеде од вас и ни го даде нам...“ Така двете страни се расправале до ноќта, [[Црква (објект)|црквата]] во која било положено телото на [[светец]]от ја заклучиле, а жителите на двата града поставиле своја стража. Според Григориј од Тур, „Господ не дозволи Тур да остане без патронот“. На полноќ, стражарите од Поатје заспале, а жителите на Тур го зеле телото на св. Мартин, го фрлиле низ прозорецот, а потоа со [[Брод (пловило)|брод]] го однесле во Тур. Жителите на Поатје се разбудиле од [[Химна|химните]] и [[Псалм|псалмите]] што гласно ги пееле жителите на Тур, а потоа збунето се вратиле дома „без да го добијат богатството што го чуваа“.<ref> Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 70-71.</ref>
[[Image:Basiliquestmartin.jpg|thumb|upright|Базиликата „Св. Мартин“ во Тур]]