Балкански војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
 
== Положбата во Македонија пред војните ==
 
''Види [[Македонија пред Балканските војни]]''
 
'''Балканските војни''' во [[1912]] и во [[1913]] година претставуваат исход на [[Национално-ослободителни борби на Македонците|национално-ослободителната борба]] што македонскиот народ ја води во втората половина на [[19 век|XIX]] и во почетокот на [[XX век]]. [[Илинденско востание|Илинденското востание]] од [[1903]] година претставуваше врв на таа борба.
Ред 30:
 
== Создавање на балканскиот сојуз ==
 
''Види уште [[Балкански сојуз]]''
 
Со залагање и со помош на [[Русија]], е создаден [[Балкански сојуз|Балканскиот сојуз]], во чиишто рамки [[балкан]]ските земји дефинитивно го ослободуваат Балканот од многувековното [[Османлиска империја|турско владеење]] и практично ја протеруваат Османлиската Империја од [[Европа|европскиот континент]], со исклучок на мал дел од [[Одринско|Источна Тракија]] и [[Истанбул]] на [[Босфор]]от. Во [[1912]] година [[Албанија]], со меѓународно неутврдени граници и од никого непризната, прогласува своја независност.
 
== Српско-бугарската спогодба ==
 
''Види [[Српско-бугарска спогодба]]''
 
Основата на Балканскиот сојуз ја чинела [[српско-бугарска спогодба|српско-бугарската спогодба]], а во преговорите што започнале кон крајот на септември 1911 година многу активно учествувале руските пратеници во [[Белград]] и во [[Софија]], [[Хартвиг]] и [[Некљудов]]. Двете земји уживале голема поткрепа од страна на Русија.<ref name="Congress">{{цитирана веб страница |year=2007 |url = http://countrystudies.us/bulgaria/12.htm|title = THE BALKAN WARS|publisher = [[US Library of Congress]]| accessdate = 2008-04-15 | last= |quote=}}</ref> На [[13 март]] [[1912]] година е потпишан [[Договор за пријателство и сојуз меѓу Србија и Бугарија|Договорот за пријателство и сојуз меѓу Србија и Бугарија]], придружен со [[Српско-бугарски договор#Тајниот додаток на Договорот|таен додаток]] и со [[воена конвенција]] што е потпишана на [[2 јуни]] истата година како интегрални делови на Договорот. Покрај тоа истиот ден се потпишани и две спогодби на главните [[генералштаб]]ови.
 
=== Воена конвенција кон српско-бугарската спогодба ===
 
''Види [[Воена конвенција кон српско-бугарската спогодба]]''
 
Со овој договор, поточно [[воена конвенција]] од [[2 јуни]] [[1912]] година, било предвидено во случај на офанзивна војна против Турција, [[Србија]] и [[Бугарија]], да удрат на противникот со 150, односно 200.000 војници, од кои најмалку 100.000 ќе упатат на Вардарското боиште.
Ред 49:
 
== Бугарско-грчки одбранбен сојуз ==
 
''Види [[Договор за одбранбен сојуз и меѓу Бугарија и Грција]] ''
 
Бугарско-грчките преговори започнале, исто така, во [[1911]] година и биле набрзо прекинати поради спорот околу поделбата на [[Македонија]]. На иницијатива на грчката влада преговорите биле обновени во март, а [[Бугарско-грчки сојузнички договор|договорот]] бил склучен во мај 1912 година. Тој бил ''одбранбен сојуз за меѓусебни помагања и заеднички настапувања'' спрема Турција и големите сили. Покрај договорот Грција и Бугарија потпишале и [[Декларација кон Бугарско-грчкиот сојузнички договор|декларација]] со која се предвидувала ''[[неутралност]] на Бугарија спрема Грција ако таа, поради [[Крит]], се најде во воена состојба со Турција''. [[Воена конвенција меѓу Бугарија и Грција|Воената конвенција]] што ја потпишале истата година предвидувала заедничко ангажирање на воени сили на [[Вардарско боиште|Вардарското]] и на [[Маричко боиште|Маричкото боиште]]: ''Бугарија да ангажира најмалку 300.000, а Грција најмалку 120.000 војници. Грчката флота имала задача да го спречи сообраќајот во [[Егејско море|Егејското Море]] меѓу [[Мала Азија]] и европскиот дел на Турција''.