Струмица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 62.162.167.155) и ја поврати преработката 3886524 на Hristijan Kicho
сНема опис на уредувањето
Ред 157:
Во текот на летото [[1913]] година Струмица и околината доживеале уште една втора по ред краткотрајна, но вандалска и жестока окупација од страна на грчките окупатори. На 25 [[јуни]], само девет дена од избувнувањето на [[Втора балканска војна|Втората балканска војна]], грчките војски ги разбиле бугарските позиции јужно од градот, и утредента влегле во Струмица. На 8 [[август]], грчките војски ја запалиле Струмица, а пожарите стивнале дури на 15 истиот месец. Биле изгорени 1.900 јавни установи, цркви, куќи, дуќани, кафеани како и единствената синагога. Целосно или делумно Грците ги запалиле и селата [[Костурино]], [[Раборци]], [[Попчево]], [[Зубово]] и [[Чам Чифлик]] кое повеќе никогаш не се обновило. При своето заминување на 17 [[август]], Грците го запалиле и [[Манастир Св. Богородица Ељуса|манастирот во Вељуса]], чии конаци, а делумно и црквата, исто така изгореле.
 
За време на Втората балканска војна и [[Прва светска војна|Првата светска војна]], поради силниот грчки притисок од [[Егејска Македонија]] кон [[север]] избегале големи маси македонско население, а добар дел од нив се населил и во струмичкиот крај. Тоа биле бегалци, наречени ''„бежанци“'' главно од [[Кукуш]], [[ГорниГорно Порој]] како и од [[Солун|Солунско]]. Тие се населиле главно во напуштените турски населби. Според еден податок, во [[1921]] година само во градот имало 2.700 бежанци. Со тоа многу се изменил и етничкиот состав на населението во градот особено по бегањето на Турците кога бројот на населението значително се намалил. Денеска сѐ уште постои т.н. Бежанско маало.
 
[[Податотека:Струмица-МК 03.JPG|мини|200п|лево|Главната улица, бул. „Маршал Тито“ со трговскиот центар „Глобал“ на местото на некогашниот градски пазар]]