Исламизацијата во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отповикани уредувањата на 79.126.236.72 (разговор), враќајќи на последната преработка на Bjankuloski06
Ознака: Отповикување
Ред 1:
'''Исламизацијата''' односно Ширењето на [[ислам]]от сред христијанското население во [[Македонија (регион)| Македонија]] започнало во [[15 век|XV век]], иако во почетокот течело бавно и се ограничило речиси исклучиво на градовите.<ref>''М. Соколоски, Исламизацијата во Македонија во XV и XVI век, „Прилози“ МАНУ, VII/1, Скопје, 1976''</ref> Според пописите на населението од [[1445]], [[1452]]/[[1453|53]], [[1465]], [[1467]]/[[1468|68]] година, во повеќето од македонските градови не биле регистрирани исламизирани христијани, исклучок биле неколку поединечни случаи во [[Драма]], [[Сер]], [[Тетово]], [[Скопје]] и [[Битола]].<ref>''Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XV и XVI век. Том: III, IV, V. VI, VII, VIII, IX, X, под редакција и превод на М. Соколоски и А. Стојановски''</ref> Исламизацијата продолжувала со сè посилно темпо, а најсилниот бран се случил во втората половина на [[16 век|XVI век]]. Според пописите од [[1569]]/[[1570|70]] годнина, во градовите [[Скопје]], [[Тетово]], [[Кичево]], [[Прилеп]], [[Битола]], [[Лерин]], [[Костур]], [[Бер]], [[Ениџе Вардар]], [[Серфиџе]], [[Солун]], [[Демир Хисар]], [[Неврокоп]], [[Сер]], [[Драма]], [[Кавала]], [[Штип]], [[Струмица]], [[Дојран]] и [[Кратово]] биле регистрирани вкупно 3.019 исламизирани лица, што во однос на регистрираните муслимани изнесувало нешто повеќе од една третина. Во [[Дебарска каза|Дебарската каза]] од [[Охридски санџак|Охридскиот санџак]], според пописот од [[1583]] година, тој процент бил уште повисок. Се смета дека процентот на исламизираните христијани по градовите кон крајот на [[16 век|XVI век]] изнесувал една четвртина од градската популација.<ref>''Градовите во Македонија од крај на XIV до XVII век. Демографски проучувања, Скопје, 1981''</ref> За разлика од градовите, во истиот период процентот на исламизираното христијанско население во селата на ниво на Македонија изнесувал само 3% од вкупното селско население. Исламизацијата во Македонија не се одвивала рамномерно, ниту територијално, ниту временски. Како карактеристични примери, каде што исламизацијата имала масовен карактер, може да се издвојат Родопскиот крај во југоисточна Македонија и Дебарскиот крај во Западниот дел на Македонија.<ref>''А. Стојановски, Демографските промени во Дебарската каза (15-16 век), ГИНИ 45/1, Скопје, 2001''</ref> Исламизацијата продолжила и во натамошните векови од османлиското владеење, со побавно темпо, но засилувајќи се посебно во кризните години и во времето на воените судири. кур
 
== Наводи ==