Виктор Иго: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис
сНема опис на уредувањето
Ред 23:
==Биографија==
===Рани години и брак===
Виктор Иго бил трет син на Јозеф Леополд Сижибер Иго и Софи Требише, а негови браќа биле Абел Жозеф Иго и Евгениј Иго. Бил роден 1802 во [[Безансон]], град во источниот дел на [[Франш- Конте]]. Неговиот татко Леополд бил слободоумен републиканец кој многу го почитувал [[Наполеон Бонапарт]]. Неговата мајка Софи била од благородничко католичко семејство и се смета дека имала тајна врска со генералот Виктор де ла Ори, кој бил погубен 1812 поради сомнеж за ковање заговор против Наполеон. Детството на Иго било време на политички превирања во [[Франција]]: Наполеон бил крунисан за император две години по раѓањето на Иго, а [[бурбонска династија|бурбонската династија]] се вратила на власт кога Иго наполнил 13 години. Неговите родители имале спротивставени политички и верски сфаќања.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 89.</ref>
 
Бидејќи Леополд бил генерал во Наполеоновата армија, Иго често патувал. Како дете ги посетил [[Неапол]], [[Алпите]], [[Средоземјето]], [[Рим]], и други европски дестинации. Сопругата Софи го придружувала Леополд на патувањата во Италија каде бил гувернер во провинцијата Неапол, и Шпанија, каде повремено раководел со три провинции. Изморена од честите патувања поради воени обврски, и поради тоа што сопругот не бил наклонет кон католицизмот, Софи привремено се разделила од Леополд се вратила во Париз со децата во 1803 година. Таа го воспитала и образувала Иго, што се забележува по неговите први поетски обиди, каде главен мотив се љубовта кон кралот и верата. Подоцна, пред настаните од [[француската револуција од 1848]] година, тој се побунил против католичките ројалисти и преминал кон републиканците и слободоумието.