Покајнички книги: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Карактеристики: дополнување
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
 
==Карактеристики==
Покајничките книги се појавиле во [[5 век|5]] и во [[6 век]], во [[Келти|келтскиот]] [[Христијани|христијански]] свет, а потоа од [[Велс|велшките]] и келтските [[манастир]]и се прошириле во државата на [[Франкиска империјаФранкија|Франките]] (кон крајот на 6 век), во [[Англија]] (во [[7 век]]), а потоа и во сите [[Католици|католички]] држави во кои станале многу популарни. Овие книги содржеле попис на гревовите со потребните покајанија за нив. Некои од нив личат на тарифи во кои за секој грев е опишана соодветната црковна казна ([[пост]], [[молитва]], прогонство од црковната општина итн.), а други се напишани во вид на прашалници во кои [[Свештенство|свештеникот]] го испитува верникот и, откако ќе го оцени карактерот и тежината на гревовите, фрла на него соодветна [[епитимија]]. Сепак, црковните собори ги осудиле овие дела „чии грешки се очигледни, а авторите непознати“ и ги повикувале епископите да ги исфрлат од употреба овие неканонски книги (''codicilli qui contra canonicam auctoritatem scripti sunt'') и да ги изгорат, „за духовните незнајковци повеќе да не го лажат светот“. Според тоа, појавата на овој жанр на среднолатинската книжевност не била резултата на барањето на црквата, туку одраз на животната пракса. Токму поради тоа, наспроти официјалните црковни ставови, обидите за уништување на покајничките книги не успеал, зашто тие му биле потребни на свештениците за да ги воспитуваат верниците.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 51-52.</ref>
 
Денес се сочувани десетици покајнички книги кои потекнуваат од 7-[[8 век]], па сè до класичниот [[среден век]]. Најстарите покајнички книги се анонимни или пак отпосле им се припишуваат на истакнатите црковни авторитети, како што се: [[архиепископ]]ите [[Теодор Тарски]] и Егберт, [[Беда Венерабилис]] итн. Подоцнежните покајнички дела биле напишани од познатите црковни дејци, како што е книгата ''Corrector'' на Ворнскиот епископ Бурхард од [[11 век]], која ја претставува 19. книга од неговиот зборник на црковно-канонски правила со наслов „[[Декрети (Бурхард)|Декрети]]“. Вообичаено, сите овие дела се напишани на вулгарен [[латински јазик]], со прост, па дури и со примитивен стил, со цел нивната содржина да им биде достапна на сите верници. На пример, во преводот на еден англосаксонски трактат ''Poenitentiale Egberti'' се наведува дека преводот на [[англиски јазик]] бил направен „за да можат необразованите луѓе полесно да го сфатат“.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 52.</ref>