Бубрег: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 92.53.50.99) и ја поврати преработката 3792626 на Wikimk
сНема опис на уредувањето
Ред 30:
Бубрезите кај понижите ‘рбетници како [[круглоусти]]те и [[водоземци]]те, како и ембрионалните бубрези од повишите групи, се развиваат сегментарно, и тоа по еден пар за еден телесен сомит или сегмент (пронефрос, мезонефрос). Некои од тубулите поседуваат [[нефростом]]и (инки) кои се отвораат во [[целом]]от, по што наликуваат на [[нефридии]]те од дождовните црви. Кај [[влечуги]]те, [[птици]]те и [[цицачи]]те возрасните бубрези (метанефрос) се несегментирани и ги филтрираат [[екскрет]]ите само од [[крв]]та.
 
Општо, од секој бубрег од било кој тип, едно заедничко собирачко каналче (''ureter'' или [[мочковод]]) ги носи екскретите постериорно, и тоа кај водоземците, влечугите и птиците кон [[клоака]]та (со која е поврзан [[Мочен меур|мочниот меур]] кај некои водоземци и влечуги). Во нормални услови [[урина]]та е секогаш течна, освен кај влечугите и птиците, каде полуцврстите екскрети ([[мочна киселина]]) се во вид на бела паста ([[гуаногвано]]) и се исфрлаат заедно со фецесот. Кај повеќето цицачи, мочководите се поврзуваат директно со мочниот меур, додека медијалното каналче кое излегува од меурот (''urethra'' или [[мочен канал]]) се отвора во надворешноста, минувајќи низ [[пенис]]от кај мажјаците или низ [[вулва]]та кај женките. Оттука, меѓузависните екскреторен и репродуктивен систем кај ‘рбетниците се нарекуваат со едно име - урогенитален систем. Здравиот бубрег постојано дава урина соодветна во својот волумен и состав со потребите на телото.
 
=== Човек ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бубрег