Разлог (област): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
 
== Географски особености ==
Котлината се протега во горното поречие на реката [[Места]] меѓу планините [[Рила]] на север, [[Пирин]] на југозапад и југ и [[Родопи]]те на исток. Во правец ЗСЗ-ИЈИ долга е 21&nbsp;км, со просечна ширина од 12&nbsp;км. Котлинското дно се наоѓа на средна [[надморска височина]] од 940&nbsp;м. Во североисточниот дел меѓу Рила и Родопите се наоѓа [[Беличко Поле|Беличкото Поле]], кое претставува дел од неа.<mapframe latitude="41.86880298" longitude="23.5543358" zoom="911" width="300338" height="200299" align="right">{
"type": "FeatureCollection",
"features": []
{
"type": "Feature",
"properties": {},
"geometry": {
"type": "Point",
"coordinates": [
23.483276367187504,
41.85319643776675
]
}
}
]
}</mapframe>Западниот дел на котлината е рамен, исполнет со [[терцијар]]ни наслаги, покриени со ледничконаносен материјал, а источниот дел е ридест. Кај градот [[Добриништа]] и селата [[Бања (Пиринско)|Бања]] и [[Елешница (Разлошко)|Елешница]] извираат топли минерални извори, а има и наоѓалишта на нискокалорични лигнитни јаглени. Климата е типично планинска со средоземно влијание. Котлината се одводнува во реката [[Места]], која минува низ нејзиниот ридест источен дел и нејзините притоки: десни — [[Беличка Река (притока на Места)|Беличка Река]], [[Исток (река)|Исток]] (со притоките Бела Река и [[Глазне]]) и [[Добринишка Река]]; леви — [[Златарица (река)|Златарица]]. Почвата е кафеава планинска (во периферните делови) и алувијална и делувијална (во котлинското дно и по теченијата на реките). Климатските и почвените услови се погодни за одгледување на раноградинарски култури.