Тонио Крегер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница
Ред 5:
 
==Осврт кон делото==
„Тонио Крегер“ се смета за најважната новела на Ман од раниот период на неговото творештво. Таа е пример за стилската виртуозност на Ман, според кого токму музичкиот карактер на стилот го направиле ова дело популарно кај публиката. Во оваа новела, Ман за првпат свесно ја искористил музиката како средство за јазичко изразување и ја применил техниката на „лајтмотив“„[[лајтмотив]]“, т.е. стилско повторување и варирање. Таквата постапка е применета и во [[роман]]от „[[Буденброкови]]“, но на натуралистички начин, додека овде постапката се одликиува со „идејна прозрачност“, со што била ослободена од механичкото и добила музички карактер. Волшебната сугестивност на оваа новела потекнува од способноста на Ман архитектонската градба на дејството да ја поврзе со [[музика]]та на стилот.<ref>Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, ''Tonio Kreger - Smrt u Veneciji''. Beograd: Rad, 1963, стр. 136.</ref>
 
Централна тема во новелата е односот меѓу уметникот и животот. Притоа, за разлика од новелата „[[Тристан (новела)|Тристан]]“, каде ваквиот антагонизам се разрешува на [[Сатира|сатирично]]-комичен начин, овде решението е [[Лирика|лирско]]-мрачно. Главниот јунак, Крегер е вистински уметник, но неговата уметничка природа го оддалечува од луѓето и го спречува да ужива во обичните нешта кон кои го влече неговиот човечки инстинкт. Духот го одделува уметникто од животот кој, наместо да живее, стои настрана и само набљудува. Тој не може да чувствува, тоа би го попречило во уметничката работа, зашто „[[Чувство|чувството]]... секогаш е банално и неупотребливо, а уметнички се само надразнувањата... на нашиот артистички [[нервен систем]].“ Крегер знае дека „добрите дела настануваат само под притисокот на лошиот живот“ и „дека човек мора да умре за целосно да стане творец“. Трагедијата на Крегер се состои во тоа што својата уметничка професија ја сфаќа како проклетство, како несреќа, која е зголемена со тоа што тој не може да не го сака животот. Оттука произлегува неговиот сомнеж дека „уметноста е можеби предавство на животот“, но му останува утехата дека неговата [[љубов]] кон [[човек]]от и кон [[живот]]от не е предавство на [[уметност]]а.<ref>Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, ''Tonio Kreger - Smrt u Veneciji''. Beograd: Rad, 1963, стр. 136.</ref>