Нинџа-желки (ТВ-серија од 1987): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Бришење на "Нинџа_Желки_во_цртаната_серија_1987-1996.png", беше избришана од Заедничката ризница од страна на 1989 поради: Copyright violation, see [[
Ред 1:
'''Нинџа Желки''' (англиски: ''Teenage Mutant Ninja Turtles'') претставуваат измислени ликови на четири антропоморфни желки, Леонардо, Рафаело, Микеланџело и Донатело. Нивниот учител Сплинтер, ги тренира и оспособува на нинџа вештини, така што секоја желка ракува со посебно оружје. Најчесто како нивни непријатели се јавуваат Секачот, Кранг, Бибоп, Рокстеди, а како нивниот најблизок пријател и соработник во речиси сите емитувања е новинарката Ејприл О’Нил.
 
Ред 23 ⟶ 22:
=== Содржина ===
Во Јапонија постои клан нинџи под називот ''Стопало'', кои ги предводи чесниот учител Хамато Јоши. Поради подмолноста на еден од неговите ученици – Ороку Саки – Јоши е посрамотен и протеран од кланот, иселувајќи во Њујорк каде што во очај и беда почнува да живее во канализација. Еден ден, непознато дете кое носи аквариум со четири желки случајно се сопнува, ги испушта желките, кои паѓаат во канализацијата кај Јоши. По некое време, Јоши ги наоѓа желките покриени со светлосна розова смеса, мутантна хемикалија со која поради контактот со Јоши ги претвора во човечки желки, додека Хамато Јоши поради тоа што непосредно пред тоа бил во контакт со стаорци, станува човечки стаорец, именувајќи се со ново име '''Сплинтер'''. Јоши ги прифаќа четирите желки како свои синови и ги учи на нинџа вештини. Им дава имиња по своите омилени ренесансни уметници: Леонардо, Рафаело, Михеланџело и Донатело. Секоја нинџа носи марама со одредена боја и умее да ракува со одредено оружје.  
 
[[Податотека:Нинџа Желки во цртаната серија 1987-1996.png|мини|Нинџа Желки во цртаната серија 1987-1996]]
Набргу желките ја запознаваат Ејприл О’Нил – новинарка на Канал 6, кои ја спасуваат од група насилници. Дознаваат дека насилниците работат за злобниот Секач, кој е всушност стариот непријател на Јоши, неговиот ученик Ороку Саки. Секачот ги открива желките и Сплинтер дознавајќи дека тој е одговорен за нивната мутација. Имено, Саки (кој подоцна станува водач на кланот ''Стопало'') го следел Јоши до Њујорк, па и него и желките ги изложил на мутација, која претвора луѓе во животни и обратно, со кои непосредно пред тоа биле во контакт.