Песочани: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 43:
 
Доселениците во селото ги носат имињата на селата од кои се доселени: ''Црвеноводчани'' (20 к.) доселени се од селото [[Црвена Вода (Охридско)|Црвена Вода]]; ''Годивјанци'' (12 к.), доселени се од селото [[Годивје (Охридско)|Годивје]]; ''Лактинци'' (10к.), доселени се од селото [[Лактиње]]; ''Врбјанци'' (5 к.), доселени се од селото [[Врбјани]] и Арбиновци (1к.), доселени се од селото [[Арбиново]]. Сите наведени доселеници имаат роднини во селата од кои се доселени.
 
 
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Песочани се:
 
Македонци: ''Наумовци (5 к.); Ѓаковци или Ѓоковци (2 к.)'' доселени се од селото [[Годивје (Охридско)|Годивје]] во 1923 година, каде припаѓале на исотимениот род''; Ќубезијовци или Копиљаковци (5 к.)'' доселени се во 1923 година од селото [[Лактиње]], каде припаѓале на родот Вељановци''; Кисковци или Дуковци (3 к.)'' доселени се во 1928 година од селото [[Лактиње]], каде припаѓале на родот Дуковци''; Балазовци (3 к.)'' се делат на Димовци и Дојчиновци, доселени се од селото [[Лактиње]] во 1928 година, каде припаѓале на истоимениот род''; Куртовци или Ѓурчиновци (1 к.)'' доселени се во 1928 година од селото [[Годивје (Охридско)|Годивје]], таму припаѓале на родот Куртовци''; Трајановци (9 к.)'' се делат на Таневци, Никодиновци, Петревци, Неделковци и Филчевци, доселени се во периодот од 1926 до 1937 година од селото [[Црвена Вода (Охридско)|Црвена Вода]], каде припаѓале на родот Трајановци''; Апостоловци (2 к.)'' доселени се во 1927 година од селото [[Годивје (Охридско)|Годивје]], каде припаѓале на истоимениот род''; Шијаковци (6 к.)'' се делат на Китановци, Костадиновци, Несторовци, Мицковци, Вељановци, доселени се во периодот од 1927 до 1947 година од селото [[Црвена Вода (Охридско)|Црвена Вода]], таму припаѓале на родот Шијаковци''; Балтаковци (1 к.)'' доселени се во 1928 година од селото [[Црвена Вода (Охридско)|Црвена Вода]], а таму се доселиле од селото [[Брежани]] во првата половина на 19ти век''; Мацковци или Ѓурковци (1 к.)'' во селото се познати и како Петревци. Доселени се во 1928 година од селото [[Црвена Вода (Охридско)|Црвена Вода]], каде припаѓале на истоимениот род''; Коњаровци (1 к.)'' во селото се познати и како Јолевци. Доселени се во 1931 година од селото [[Арбиново]], каде припаѓале на истоимениот род.
 
Албанци: ''Џеловци (1 к.)'' во периодот од 1921 до 1929 година живееле во селото [[Поум]], па се вратиле назад во Песочани; ''Лимановци (1 к.)'' во периодот од 1921 до 1930 година живееле во [[Кичево]], па се вратиле назад; ''Веселовци (1 к.)'' во периодот од 1921 до 1943 година живееле во селото [[Делогожди]], па и они се вратиле назад.<ref>{{Наведена книга|title=|last=|first=|publisher=|others=Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебарца “ Песочани|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>
 
<br />
<!--== Општествени установи ==-->
== Самоуправа и политика ==