Слатино (Охридско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 24:
== Географија и местоположба ==
 
Селото се наоѓа во областа [[Дебарца]], на источните падини на [[Илинска Планина]]. Во атарот на селото се наоѓа [[Слатинско Езеро]], кое своето име го добило од името на селото. Низ самото село тече и [[Слатинска Река]], каде се вливаат и одливните води на Слатинското Езеро. Оддалечено е 35 километри од северно [[Охрид]] и [[Струга]], а 39 километри јужно од [[Кичево]]. Околни села се [[Белица (Кичевско)|Белица]] и [[Прострање]] на исток и североисток, [[Мраморец]] на север, [[Оздолени]], [[Слатински Чифлик]] и [[Издеглавје]] на југозапад и југ, и [[Арбиново]] на запад. Поедини места во атарот на селото се викаат Шаркои Ливатки, Длабоки Дол, Арамиско Кланче, Еленски Клајнец, Црбени Клајнци, Волчица, итн.<ref name=":0">{{Наведена книга|title=|last=|first=|publisher=|others=Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебарца “ Слатино|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>
 
== Историја ==
Ред 48:
 
Доселенички се родовите: ''Црвенковци'' (2 к.) потекнуваат од предокот Јон кој дошол од сега непостоечкиот град [[Закамен]], кој се наоѓал во струшка [[Малесија]] и ''Ѓоршовци'' (10 к.), кои потекнуваат од предокот Ѓоршо кој дошол како домазет во Слатино од селото [[Цер]].
 
 
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Слатино се:
 
Староседелци: Костевци или Масовци (22 к.) се делат на Размовци, Пантовци, Крстевци, Марковци, Мартиновци, Смилевци, Домазетовци и Бавтировци; Србиновци (9 к.) се делат на Шипинковци и Сучковци; Поповци (9 к.); Митревци (14 к.) се делат на Крлевци, Грашаровци и Вељановци; Пројковци (4 к.) еден дел се викаат Лозановци; Блажевци (7 к.) еден дел од родот се вика Џагаровци; Цветковци (5 к.); Мојсовци (6 к.) еден дел од родот се вика Тутунаровци.
 
Доселеници со непозната старина: Врангаловци (9 к.) се делат на Николовци и Пушковци; Шуќуровци (2 к.); Џаферовци (10 к.) се делат на Петревци и Филиповци; Томановци (6 к.); Угриновци (14 к.) се делат на Ристановци и Стојковци; Банчевци или Пејовци (1 к.); Ѓуровци (1 к.) за нив некој вели дека се доселени од некое село крај [[Охрид]].
 
Доселени родови со познато потекло: Савевци (7 к.) доселени се од селото [[Лин]] крај [[Охридско Езеро]] (денес во [[Албанија]]); Црвенковци (7 к.) еден дел од овој род се вика Букревци, доселени се од сега раселениот град во струшка Малесија [[Закамен]] (мада, жителите на овој род мислат дека Закамен се наоѓа во Албанија); Ѓоршовци (17 к.) се делат на Мирчевци, Андријовци и Томовци, доселени се од селото [[Цер]], [[Железник|Железник;]] Петкуќевци (4 к.) доселени се од селото [[Малкоец]], [[Копачка (област)|Копачка;]] Тужаровци (10 к.) еден дел од родот се вика Коловци, доселени се од селото [[Коњско (Охридско)|Коњско]], крај Охридско Езеро; Ратајковци (5 к.) доселени се од селото [[Слатински Чифлик]], а таму се доселиле од селото [[Оздолени|Оздолени;]] Климевци (1 к.) доселени се од селото [[Елевци]], [[дебарско]], потекнуваат од потурчен Македонец или Турчин, кој кога дошол во селото си ја променил верата во православна.
 
Роми: Малиќ (1 к.) доселен од селото [[Песочани]] во 1947 година. Иако е Ром се издава за Албанец.<ref name=":0" />
 
<br />
<!--== Општествени установи ==-->
== Самоуправа и политика ==
Ред 95 ⟶ 108:
 
Поради неговата местоположба, во Слатино било присутно печалбарството одамна. Печалбарите претежно заминувале напролет во Влашко, Србија и Бугарија, а се враќале наесен. Најголем печалбарски бран го зафатило селото од 1909 до 1912 година кога проработел прекуокеанскиот пат за [[Канада]] и [[Аргентина]]. Во овој бран заминале седумдесет слатинци. Вториот голем печалбарски бран е од 1960 до 1970 година и со помал интензитет трае до денес. Најголем дел од вториот бран се преселени во [[Австралија]], каде се проценува дека има над 120 семејства со потекло од Слатино.
 
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948 година: Мојсовци (1, како домазет во Издеглавје од 1919 година): од Банчевци иселеници има во Прострање (како една куќа од 1890 година): од Ѓоршовци иселеници има во Сошани (1, како домазет од 1920 година): од Тужаровци иселеници има во [[Соединети Американски Држави|САД]] (една фамилија од 1908 година).
 
Родот Митковци (9 к.) е иселен во селото [[Прострање]] во 1797 година, родот Мирчевци (26 к.) е иселен во [[Велмевци]] на почетокот од 19ти век.<ref name=":0" />
 
== Галерија ==