Надин Гордимер: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување |
|||
Ред 1:
[[Податотека:Nadine Gordimer 01.JPG|мини|десно|Надин Гордимер]]
'''Надин
==Биографија==
==Творештво==
Веќе на возраст од 13 години, Гордимер го објавила својот прв расказ во локалното списание, а нејзината прва книга се појавила кога имала неполни 20 години. Таа пишувала на [[англиски јазик]] и нејзините дела претежно биле објавени во [[Англија]], а во ЈАР често биле забранети, поради тоа што во нив ги опишувала односите меѓу белците и Црнците.<ref>Jovica Aćin, „Afrički zavičaj“, во: Nadin Gordimer, ''Dva metra zemlje''. Beograd: Rad, 1989, стр. 109.</ref> Нејзините први книги (пишувани на англиски јазик)
===Осврт кон творештвото на Гордимер===
Во своите дела, Гордимер ги застапува идеите на класичниот англиски [[либерализам]], а тоа се отсликува во темите што ги обработува. Така, во нејзините романи се зборува за пријателството меѓу [[Европјани]]н и [[Африканци|Африканец]]; за [[самоубиство]]то на еден белец кој застанал на страната на [[Црнци]]те и се вклучил во [[Тероризам|терористичка]] акција против власта; за исцрпувачкото илегално скитање на Црнец и бела жена, итн. Во својот најмрачен роман, „Конзервативец“, таа раскажува за богат европски [[индустрија]]лец кого го напуштаат љубовницата и синот, а тој се затвора на една јужноафриканска фарма, каде му се замрачува [[ум]]от пред очите на рамнодушните црни слуги. Во „[[Бургеровата ќерка]]“, таткото (стар [[комунист]]) умира во [[затвор]]от, а ќерката расте сама, бега и најпосле се враќа во [[Јужна Африка]] и ја продолжува борбата што ја воделе нејзините родители, поради што и таа завршува в затвор. Големо значење имаат и расказите на Гордимер, поради која често ја сметаат за најдобрата англиска раскажувачка, како од гледна точка на стилот, така и според [[морал]]ниот набој. Нејзините раскази се одликуваа со [[Чехов|чеховска]] сила и живописно ги прикажуваат трагичните настани во [[Африка]], т.е. личните и политичките елементи на поделбата во општеството. И покрај тоа што тие имаат и политички конотации, во нив Гордимер се покажува како префинет [[Уметност|уметник]] во описите на африканските пејзажи, во анализата на ликовите, во интензивната евокација на луѓето и во прикажувањето на љубовните сцени проткаени со нежен [[Еротика|еротизам]]. Притоа, речиси секогаш нејзините јунаци се насликани како антијунаци, а во тој поглед особено се издвојуваат женските ликови.<ref>Jovica Aćin, „Afrički zavičaj“, во: Nadin Gordimer, ''Dva metra zemlje''. Beograd: Rad, 1989, стр. 109-111.</ref>
==Награди==
==Наводи==
Ред 19 ⟶ 21:
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература]]
[[Категорија:Јужноафрикански писатели]]
|