Бахаизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
[[Податотека:Wilmette how side.jpg|upright|alt=A white column with ornate designs carved into it, including a Star of David|left|thumb|Симболот на многу религии на столб од бахаистички храм во [[Илиноис]], САД]]
 
Бахаистичките верувања понекогаш се опишани како [[синкретизам|синкретичка]] комбинација на претходни религиозни верувања.{{sfn|Stockman|1997}} Сепак, бахаистите сметаат дека нивната религија е посебна и потекнува од посебна традиција која има свои записи, учења, закони и историја.{{sfn|Daume|Watson|1992}}{{sfn|Bausani|2012}} Иако на почеток оваа религија била сметана за секта на [[ислам]]от, повеќето изучувачи на религиите денес ја сметаат за независна религија, но која има корени во [[Шиизам|шиизмот]], исто како што христијанството е излезено од јудаизмот.{{sfn|Van der Vyer|1996|p=449}} И двете гранки на муслиманството, [[Сунизам|сунизмот]] и [[Шиизам|шиизмот]], ги сметаат бахаистите за дезертери или отпадници од исламот.{{sfn|Boyle|Sheen|1997|pp=119–120}}{{sfn|Afshari|2001|pp=119–120}}
 
[[Податотека:Ringstone.svg|alt=A stylized Arabic figure which has intersecting lines that lock around rings and five-pointed stars to either side|thumb|right|Бахаистичкиот симбол, кој претставува поврзување на луѓето со Бога.]]
Бахаистичките записи тврдат дека човекот има „рационална душа“, и дека таа им дава уникатен капацитет да го сфатат статусот на Бог и својата поврзаност со него. Секој човек има задача да го препознае Бог преку неговите гласници, и да се согласи на учењето.{{sfn|McMullen|2000|pp=57–58}} Преку признавање и послушност, служење на другите, редовни молитви и духовна пракса, душата доаѓа поблиску до Бога, тврдат бахаистичките записи. Кога умира човекот, душата преминува во наредниот свет, каде неговиот духовен напредок е основа за суд и напредок во духовниот свет. Рај и пекол се духовни состојби на блискост или оддалеченост од Бога, а не се физички места за награда или казна што следи по смртта.{{sfn|Masumian|1995}}
 
Според бахаистичките записи, луѓето се еднакви, и треба да се укинат предрасудите. Човештвото е суштински едно, иако многу разновидно, а различноста на расите и културите се достојни за сфаќање и прифаќање. Учењата како расизам, национализам, касти, социјални класи и хиерархија според пол, се сметаат за вештачки препреки кон единството.{{sfn|Hutter|2005|pp=737–740}} Учењата на бахаистите велат дека обединувањето на човештвото е најважното прашање во верските и политичките услови на сегашниот свет.{{sfn|Daume|Watson|1992}}
 
Учењето на бахаизмот зборува за „големиот завет“,{{sfn|Taherzadeh |1972}} кој е универзален и бескраен, и за „помалиот завет“, кој е посебен за секоја религија. Помалиот завет се смета како договор меѓу гласникот на Бог и неговите следбеници, и вклучува практики продолжување на авторитетот во таа религија. Според ова, откровението на Бахула се смета за помал завет, наменет за неговите следбеници.{{sfn|Momen|1995|ps=: {{nowrap|"Lower covenant"}}}} Големиот завет е еден вид траен договор меѓу Бог и човештвото, при што манифестацијата на Бога се очекува да се појави на секои илјада години, во време на немири и неизвесност.
 
==Канонски текстови==
 
== Наводи ==