Занаетчиство во Старата скопска чаршија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
поправка на правопис
Ред 1:
[[Податотека:Филигран.ogv|мини|десно|250п|Интервју со филигрански мајстор во Старата скопска чаршија]]
'''Занаетчиството во Старата скопска чаршија''' ги опфаќа разните [[занает]]и кои биле застапени на порачјетоподрачјето на чаршијата низ историјата.
 
== Историја ==
Ред 8:
Занаетчиството во чаршијата било во полн процут во текот на XIX век, а кон крајот на столетието просторот на истата бил поделен врз основа на [[еснаф]]ската поделба меѓу занаетите.<ref name="старо-скопје">[http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c14/c143.html#_ftn1 Занаетчиството во Скопската чаршија], ''staroskopje.vestel.com.mk''.</ref> Еснафот помагал во организирањето на целокупната работа на занаетчиите, па така тој ја пропишувал техниката на работа, начинот на снабдување со суровини, како и начинот на продавање. Во тој период, скопските еснафи се делеле по вероисповед на христијански и муслимански, но се јавувале и мешани еснафи. Мешаните еснафи се одликувале по тоа што имале два одделни печата, но во случај кога се јавувала потреба за заштита на производството од конкуренцијата, тие дејствувале заеднички. Односите меѓу занаетчиите пред воведувањето на правна регулатива се утврдувале врз основа на т.н. „стари обичаи“ кои биле почитувани и прифатени од страна на власта. Ваквите обичаи со текот на времето станале дел и од еснафските уредби и статути. Настанатите спорови меѓу членовите на еден еснаф биле решавани пред еснафски суд. Еснафите исто така ги обликувале општествените односи, начинот на живеење и градските обичаи, а занаетчиите заедно со трговците материјално и морално ги помагале борбите за црковно осамостојување, народна просвета и култура.<ref name="занаетчиство"/>
 
Врз основа на еснафската поделба бил организиран и просторот на самата чаршија. Според тоа, еден занает или повеќе помали и сродни занаети биле застапени во една улица или еден блок, со што биле создадени повеќе помали чаршии. Така, една од поголемите чаршии била Бакалската чаршија, која била дел од Покриената чаршија и се наоѓала на улицата Белградска. Во рамките на Покриената чаршија се наоѓала и Кафтанџиската, чијшто еснаф бил најголем, а занаетот најважен во Скопје во тој период. Кафтанџиската чаршија, пак, била една од најстарите чаршии воопшто во градот. Спроти [[Куршумли-ан]] се наоѓала Железарската чаршија, а кон неа се надоврзувала Опинчарската. Казанџиската чаршија била сместена на улицата Караорман и по неа продолжувала Туфекџиската, а во рамките на овие две биле сместени [[ибрикџија|ибрикџиите]]. На просторот на чаршијата постоеле уште Јорганџиска и Ковачка чаршија; Ќурчиска, која се наоѓала во близина на [[Ќурчи -ан]]; Чибукџиска, која била веднаш до Казанџиската и Папуџиско одларе, кое се наоѓало јужно од [[Капан -ан]].<ref name="старо-скопје"/>
 
=== Застој и опаѓање по крајот на XIX век ===
Ред 29:
 
=== Терзиско-срмаџиски занает ===
Терзиско-срмаџискиот занает бил особено развиен, што се огледа преку постоењето на посебна Терзиска чаршија, во чиј простор биле групирани терзиските дуќани. Терзиите изработувале сложени делови од облека со разновидни поквалитетни материјали. Со развојот на европската мода, во чаршијата се појавиле и френктерзиите, кои изрбаотувалеизработувале тесна облека која ја носеле чиновниците, учителите, како и некои трговци и еснафлии. Овој занает забрзано се развил во првите декади од XX век, но со појавата на индустриското производство започнал да опаѓа. Многубројни во чаршијата биле и срмаџиите, кои изработувале вез од [[срма]] и од [[свила]] на разни чоени и кадифени облеки. Срмените производи се извезувале до Босна, но денес овој занает е целосно изоставен.<ref name="терзиско-срмаџиски">[http://www.staracarsija.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=197%3A2011-01-18-12-02-18&catid=55%3A2010-10-22-13-08-39&Itemid=90&lang=mk Терзиско – срмаџиски занает], ''staracarsija.mk''.</ref>
 
=== Кафтанџиско-абаџиски занает ===
Ред 41:
 
=== Други занаети ===
Во чаршијата биле застапени и други занаети поврзани со преработката на текстил, како на пример мутавџискиот, килимарскиот, јажарскиот и јорганџискиот занает.<ref name="терзиско-срмаџиски"/> Јорганџискиот занает започнал забрзано да се развива откако во градот започнале да се употребуваат кревети за спиење. Јорганџиите биле застапени во просторот на т.н. Јорганџиска чаршија, а имале и свој иеснафеснаф со печат и целосно разработена работилница.<ref name="занаетчиство"/>
 
== Поврзано ==
Ред 50:
 
{{Стара скопска чаршија}}
 
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Стара скопска чаршија]]