Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с fix homoglyphs: convert Cyrillic characters in [Т]he to Latin
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 27:
[[File:Heartland-Mackinder-map.jpg|thumb|мини|300px|Географска мапа со првичната концептуализација на просторот на Хартленд (јадро, срцевина) на светот направена од Халфорд Џон Макиндер во 1904]]
Концептот и поимот ''хартленд'' е создаден од британскиот учен, географ и политичар сер Џон Халфорд Макиндер. Според суштината на неговата смисла и значење овој концепт првенствено може да се преведе и разбере како ''' ''срцевина'' ''', ''' ''јадро'' ''' или ''' ''стожер'' ''' во и на просторот. Во неговиот концепт поттикнат од британските империјалистички интереси хартленд првично претставен во 1904 како стожерна област - ''Pivot Area'', е географски сместен во длабоката внатрешност на [[Евроазија]]<ref name="Cohen">{{наведена книга|last=Cohen|first=Saul|title= Geopolitics of the World System|year=2003|publisher= Rowman & Littlefield Publishers|location=Lanham|pages=13–16}}</ref>, во непристапните копнени предели од каде што е лесно достапно за напад секое место на „Светскиот Остров“ така што со можноста за лесно одбивање на поморските сили како неминовна последица од поседот на оваа област произлегува светска доминација<ref name="Шаревски">{{наведено списание|last=Шаревски|first=Марио|coauthors=Милески Тони|year=2014|title=Концептуализација на политичката карта на Балканот|journal=Безбедносни дијалози|publisher=Филозофски факултет|volume=1|issue=5|pages=45–63|issn=1857-7172|url=http://sd.fzf.ukim.edu.mk/pdf/SD%20Vol.5_No.1%202014%20PDF_so%20korici.pdf|language=македонски}}</ref>. Од гледна точка на Макиндер, хартленд именуван и како „светска тврдина“ е првично подрачје на подвижност (мобилност) на копнените сили, непристапно за поморските сили <ref name="Jones" />. Во тоа време како главна поморска сила во светот доминирала [[Велика Британија]], па оттаму геополитичката замисла за хартленд на Макиндер била во контекст на јакнењето на начините за копнена подвижност кои се повеќе влијаеле за зголемување на моќта на британските соперници – копнено заснованите имеприи и големи сили како [[Русија]] и [[Германија]]<ref name="Шаревски" />. Земајќи ги предвид актуелните збиднувања и настани во своето време, Макиндер ќе го надополни, преосмисли и ревидира својот концепт за хартленд на два пати. Еднаш во 1919 година, проширувајќи ги границите на областа сметана за хартленд вклучувајќи ги областите на [[Источна Европа]] од литоралот на Балтичкото до Црното Море како најважен дел во неговата значајна изрека за контролата на светскиот остров и доминација со светот<ref name="Шаревски" />:
 
<blockquote>
{{Quotation|''Кој владее со Источна Европа ја контролира срцевината (хартленд); Кој владее со оваа средишна област го контролира светскиот остров; Кој владее со светскиот остров господари со светот''<ref name="Mackinder">{{наведена книга|last=Mackinder|first=Halford John|title=Democratic Ideals and Realities|year=1919|publisher=H.Holt|location=Лондон|language=англиски|page=106}}</ref>.|}}
 
</blockquote>
 
Следната измена на концептот била направена во 1943 година, кога покрај повторна промена на границите (исфрлување на средишните и источните делови на Сибир – т.н. Леналенд) била главно насочена кон промена на теоретското значење на самиот концепт. Имено, во оваа ревизија Макиндер го променил суштинското значење на концепцијата на хартленд од арена на подвижност (област на мобилност на копнените сили) во средиште („тврдина“) на моќ заснована луѓе, ресурси, суровини, внатрешни сообраќајни-комуникациски линии и јадро на индустриската инфраструктура<ref name="Cohen" />. Поради ваквата промена на значењето на концептот настанало распространување на употребата на поимот хартленд за повеќе различни делови во светот, што придонело до тоа термниот да се дефинира повеќе од аспект на тоа што е отколку каде се наоѓа <ref name="Jones">{{наведено списание|last=Jones|first=Stephen|year=1955|title=Global Strategic Views|journal=Geographical Review|publisher=American Geographical Society|volume=4|issue=45|pages=492–508|doi=10.2307/211614|url=http://www.jstor.org/stable/211614|language=англиски}}</ref>. Ова всушност значи дека употребата на концептот хартленд во двете значења, како јадро на копнените сили во смисла на област каде што подвижноста е олеснета и место од каде што може лесно и едноставно да бидат нападнати сите останати поврзани места или како јадро на моќта засновано на човечките, природните и индустриските ресурси во комбинација со поволната географска положба и услови, каде што и во двата случаи контролата на овие подрачја овозможува изгледи за доминација – може да биде применета насекаде во светот како на глобално така и на регионално ниво<ref name="Шаревски" />. Несомнено, ова е најзначајниот геополитички концепт кој всушност претставува и основа на геополитиката сам по себе со што воедно се одржува со својата релевантност сѐ до денешни дни.