Разлика помеѓу преработките на „Борка Талески“

Додадени 7.276 бајти ,  пред 2 години
== Биографија ==
=== Рани години ===
Борка Талески бил роден на 19 јули 1921 година во [[Прилеп]]. Тој се родил на Петровден во семејството на Спасија и Петре Талески. Дедо му Тале бил фурнаџија. Семејството на Борка Талески било скромно, но не се сметало за сиромашно за тој временски период. Основното образование го започнал во родниот град и бил одличен ученик. Своето средно образование го започнал во гимназијата во Прилеп, но кога стасал петти клас, гимназијата била укината и Борка морал да го заврши средното образование во гимназијата во Битола. За време на училишните денови Борка станал голем љубител на белетристиката, а подоцна и на марксистичката литература.
Борка Талески бил роден на 19 јули 1921 година во [[Прилеп]]. Завршил гимназија во Битола, а потоа се запишал на Медицински факултет во Белград. Во 1939 година како член на [[КПЈ]], учествувал на Илинденските демонстрации (1940) во Прилеп и говорел за ослободување на Македонија. Бил затворан.
 
При крајот со средното образование тој почнал и сам да пишува одредени текстови, па така во 1938 година бил соработник на списанието „Подмладак“ од Крагуевац. Уште од првиот број на списанието во ноември 1938 година Борка е еден од осумте автори, чии текстови биле објавени на 24 страници. Како дописник од Битола тој се јавил со текстот под наслов „Влијанието на географските фактори врз формирањето на културата“. Тој тука применил дијалектичко-материјалистички пристап. Неговиот текст бил објавен под името „Борислав Телевиќ“, во период кога имал само 17 години, а прикажал големо знаење, вештини за пишување и истакнатост.
=== За време на НОБ ===
 
Во 1941 година бил избран за член на Бирото на ПК на КПЈ. Не прифаќал мешање на [[БКП]] во македонската партиска организација, поради што бил исклучен од активностите за зацврстување на партиските организации. Учествувал во организирањето на партизанските одреди и во нападот извршен во Прилеп на 11 октомври.
=== Активизам ===
Со одличен успех го завршил средното образование и по желба на домашните се запишал на Медицинскиот факултет во Белград во 1939 година. Во периодот кога се запишал на факултет, во ек било револуционерното движење. Борка Талески веднаш се приклучил на истото. Иако немал желба да се истакнува, сепак бил забележан од потесното организациско тело. Бил перцепиран како храбар и одлучен, вешт оратор и со силно развиено чувство на колективен живот. Поради своите карактеристики, вештини и посветеност, тој бил примен како член на Комунистичката партија на Југославија. Меѓу првите задачи кои ги добил било раководењето со групите за теоретско образование. Паралелно учествувал на сите демонстрации организирани во Белград, а покажал и организациски способности. За време на летните и зимските одмори, Борка држел состаноци и курсеви во Прилеп, а држел и комунистички и работнички состаноци, а пишувал и летоци.
 
Во 1940 година се одржала големата Илинденска демонстрација во Прилеп, после масовниот излет на Шаторов Камен. Борка Талески бил првиот говорник пред насобраната толпа народ во Прилеп. Пред народот зборувал за независноста и самобитноста на македонскиот народ и Македонија. Поради овој настан Борка бил уапсен од властите. Тој бил држен во затворот на Ада Циганлија во Белград, а потоа во логорот Ивањица. Тој бил затворен неколку месеци. По ослободувањето, Борка се вратил во Прилеп во својство на член на Месниот комитет на Комунистичката партија. Во меѓувреме, Борка бил секогаш во центарот на вниманието на полициските служби.
 
На 22 јуни 1941 година месниот комитет имал неофицијален состанок на Брдото во Прилеп, каде Борка Талески зборувал за војната, односно судирот, помеѓу Хитлер и Сталин, како и за тоа дека советската победа е неизбежна. Таа вечер се договориле Месниот комитет да се сретне во проширен состав во месноста Шарена чешма, во домот кај некој извесен Бале. За тој состанок Борка Талески напишал убав голем реферат. По состанокот подготовките за вооружена борба зеле забрзано темпо.
 
На Петровден целиот град Прилеп бил преплавен со летоци, чии текстови воглавно биле напишани од Борка Талески. За ова полицијата била на високо ниво алармирана и била во потрага по Борка Талески. Нивната желба за негово апсење не била исполнета.
 
ВоМногу 1941наскоро годинаБорка Талески бил избранземен закако член на Бирото на ПК на КПЈ за Македонија во Скопје. НеТалески не прифаќал мешање на [[БКП]] во македонската партиска организација, поради што бил исклучен од активностите за зацврстување на партиските организации. Учествувал во организирањето на партизанските одреди и во нападот извршен во Прилеп на 11 октомври.
 
Од 9 до 19 октомври Борка бил меѓу партизаните по планините околу Прилеп, во период кога е извршен нападот на Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во 1942 година повторни оперирал во Прилеп, за подоцна да го пратат во Кавадарци. Во Кавадарци станал близок со Лазо Лавски, и развиле меѓусебна почит и разбирање.
 
=== Смрт ===
ПоТалески извршенотозаедно со Лазо Лавски оперирале според плановите на организацијата. Така, во 1942 година се нашле на патото Прилеп-Кавадарци. Тие биле заглавени кон правецот за врвот од Козјак, каде имало густа магла. Во меѓувреме наслушнале дека кон нив наидуваат камиони. Првично тие верувале дека се германски камиони. Сепак, поради предавство на тогашниот кмет на селото Царевиќ, загиналТалески и Лавски биле опколени од бугарските сили и биле свирепо разрешетени. Талески починал во близинаблзиина на селото [[Плетвар]], [[Прилеп]]ско, на [[2 март (починале)|2 март]] [[1942]] година, од бугарска заседа. Според полицискиот билтен од 20 март 1942 година, предавството го извршил тогашниот кмет од селото [[Царевиќ]].
 
На 11 октомври 1951 година Борка Талески бил именуван како Народен херој на Југославија од Македонија.
 
== Галерија==
<gallery>
Borka Taleski, vo Ivanjica, 1941.jpg|Борка Талески, фотографија од интернација во Југославија, Ивањица. 1941 година
</gallery>
 
==Наводи==
{{Никулец за биографија}}
{{Наводи}}
 
{{Народни херои на Македонија}}