Класицизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 5:
== Појава ==
[[File:Rome Fontana dei Quattro Fiumi 01.jpg|thumb|Фонтана на четирите реки, [[Бернини]], 1651]]
Во своето дело „За поетската уметност“, Т. Себие зборува за тројца истакнати француски писатели од [[Среден век|средниот век]] кои ги нарекува „добри класични писатели“. Подоцна писателите задоени со хуманизмот, кои создавале дела во кои ги подражавале грчките и римските примери, со време стекнале право да се нарекуваат “класични”, што би се рекло по дух и вредност блиски на античките писатели, т.е. нивни достојни следбеници. Во ова значење се насетува извесна книжевно-стилска определба, иако недоволно одредено, бидејќи во таа смисла се типични класичните [[Петрарка]] и [[Тасо]], [[Пјер Ронсар]] и [[Расин]], како и подоцна [[Фридрих Готлиб Клопшток]] и [[Гете]]. Почнувајќи од крајот на [[18 век]], во записите на браќата [[Шлегел]], а набрзо и кај некои други автори, поимот „класичен“ означува спротивност на поимот „романтичен“. Низ речиси целиот [[19 век]] и подоцна, оваа антитеза представува најважна основа за дефинирање на двата поима. Госпоѓата [[ДеАна де Стал]] се прославила развивајќи ја идејата за книжевно-географската поделба на класичен, грчко-римски југ и на романтичен, германски север. Во втората половина на 19 век, со појавата на [[реализам|реализмот]], [[натурализам|натурализмот]], [[симболизам|симболизмот]] и другите правци, се јавувале нови [[антитеза|антитези]] во кои придавката „класичен“ ја претставува спротивноста на модерноста и се повеќе се врзува за минатото, за неспорните традиционални вредности на националните култури.
 
По [[барок]]от, во [[17 век]] се појавува еден нов стил, наречен класицизам, најпрво во литературата, а потоа и во другите видови уметности. Времето на музичкиот класицизам е време а просветителство и стремеж кон широки знаења, во кои умот владее над чувствата. Тука постои совршена рамнотежа помеѓу содржината, формата и усогласеност помеѓу сите елементи на музичкиот јазик: метро - ритамот, мелодијата и хармонијата.
 
== Класицизмот во Европа ==