Среден век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Беше добавен зборот "пропаѓањето" во почртокот на втората реченица од текстот.
сНема опис на уредувањето
Ред 34:
== Појава на Исламот ==
Религиозните верувања во Источната Римска Империја и [[Персија]] биле во флукс за време на доцниот 6-ти и почетокот на 7-ми век. [[Јудаизам|Јудаизмот]] била ,,активна вера” којашто придобивала следбеници и најмалку еден Арапски политички лидер преминал во оваа вера. Сите насоки се појавиле заедно со појавата на Исламот во [[Арабија]] во времето на [[Мухамед]]. По неговата смрт во 632 година, исламските сили освоиле поголем дел од Источната Римска Империја и [[Персија]], почнувајќи од [[Сирија]] во 634-635год., стигнувајќи до [[Египет]] во 640-641 год., Персија помеѓу 637 и 642 год., [[Северна Африка]] во доцниот 7-ми век и [[Пиринејски полуостров|Пиринејскиот полуостров]] во 711 год. До 714 година исламските сили владееле во поголемиот дел од полуостровот, којшто го нарекле [[ел-Андалус]]. Интензитетот на исламските освојувања се намалил само во средината на 8-от век. Првиот прекин бил поради поразот на муслиманските сили во [[битката кај Поатје]] во 732 година, којашто довела до повторно освојување на јужниот дел на [[Франција]] од страна на Франките, но главната причина за намалување на интензитетот на исламските освојувања било соборувањето на [[династија Умајад]] и нејзино заменување со [[Абасидската династија]]. Абасидите го преселиле нивниот главен град во [[Багдад]] и нивното внимание не било насочено повеќе кон [[Европа]] туку кон [[Блискиот Исток]]. Абасидите ја загубиле власта во дел од муслиманските земји, благодарение на потомците на династијата Умајад кои го презеле Пиринејскиот полуостров заедно со [[Аглабиди|Аглабидите]] коишто владееја во [[Северна Африка]] и династијата [[Тулунида]] којашто управуваше со [[Египет]].
До средината на 8-миот век, трговската размена меѓу Франките и [[Арапи|Арапите]] ги заменила старите римски облици на трговија и дошло до појава на нови облици во [[МедитеранотСредоземје]]то. Франките им давале на Арапите дрва, крзна, ножеви и робови во замена за свили и други материјали, зачини, и скапоцени метали.
 
<br />
'''Трговија и економија''' <br />
Инвазиите на Варварите коишто се случиле во 4-ти и 5-ти век, предизвикале нарушување на трговските мрежи низ целиотцелото МедитеранСредоземје. Африканските трговски стоки полека го напуштале археолошкиот рекорд со тоа што најпрвин исчезнале од внатрешноста на Европа а во 7-от век тие можеле да се најдат само во неколку градови, како Рим или [[Неапол]]. Под влијание на освојувањата од страна на муслиманите, во последните години на 7-от век, африканските производи претежно биле заменети со локални и било невозможно да се најдат во Западна Европа. Замената на трговски стоки со локални производи се одвивала во Раниот среден век на старите римски имоти. Ова било особено изразено во земјите коишто не се простираат на МедитеранотСредоземјето како што се северна Галија или Велика Британија. Стоките што не се локални а се појавуваат во археолошкиот рекорд, обично се луксузни стоки. Во северните делови на Европа, не биле само трговските мрежи локални, туку и произведената стока била едноставна, со мала употреба на керамика или мала употреба на други сложени производи.
Различните германски држави на Запад користеле монети коишто биле изработени по моделот на постојните римски и византиски форми. Златото продолжило да се кова до крајот на 7-от век, а потоа било заменето со сребрени монети. Главната сребрена монета на Франките била [[Македонски денар|денариј (denarius) или denier]], а кај Англосаксонците била наречена [[Канадски долар|пени (penny)]]. Од овие области почнал да се шири denier или penny низ Европа, во периодот од 7-от до 10-от век. Освен во [[Јужна Европа]], бакарните и бронзените монети не биле погодени од оваа ситуација, ниту пак златото.