Симфонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
==Почетоци==
 
Зборот симфонија потекнува од грчкиот збор symphonia што значи ,, единство или збир на звук” , ,, концерт на вокална или инструментална музика”, додека пак поимот symphonia потекнува од зборот symphōnos што значи ,, хармоничен”. Овој збор на грчки јазик бил употребен за да се опише еден инструмент кој бил споменат во ,,Книгата на пророкот Даниел”, за кој научниците мислеле дека е гајда. Сепак, понеодамнешно мислење на научниците е дека зборот кој се споменува во ,,Книгата на пророкот Даниел” е всушност siphonia и дека гајдата во тоа време не постоела. Во грчката средновековна теорија зборот се користел за да се изрази зборот ,,складност”, антоним на зборот diaphōnia што значи ,,нескладност”. Во Средниот век и покасно, латинскиот збор symphonia се користел за да се опишат многу инструменти, посебно оние кои во исто време можеле да произведат повеќе од еден звук. Првата која двоглавиот барабан го нарекла symphonia била Исидора од Севиља. Помеѓу 1155 и 1377 година францускиот збор symphonie било името за органиструмот. Во средновековна Англија, зборот symphony се користел за да се опишат сите горенаведени инструменти, но во 16. век се споредува и со цимбалот. Во германскиот јазик, од доцниот 16. век до 18. век, зборот Symphonie бил термин кој означувал ,,спинет”„[[спинета]]“ и ,,виржинал”„[[виргинал]]“. Во 16. и 17. век, зборот почнал да се појавува во насловите на познатите дела на композиторите, како на пример во делата Sacrae symphoniae, Symphoniae sacrae, liber secundus на Џовани Габриели, Eclesiastiche sinfonie, dette canzoni in aria francese, per sonare, et cantare, op. 16 на Адриано Банкиери, Sinfonie musicali, op. 18 на Лодовико Гроси да Виадана, Symphoniae sacrae, op. 6, and Symphoniarum sacrarum secunda pars, op. 10 на Хајнрих Шутц. Во сите овие дела зборот го има денешното значење ,,созвучност”.
Поимите symphony I symphonia за време на барокот означувале низа различни композиции, како на пример инструментални дела кои се користеле во операта, сонатите и концертите. Италијанската увертира или opera sinfonia, во 18. век имала стандардна структура од три спротивни става: брз, спор, брз и танцувачки. Оваа е формата која често се смета дека е директниот предвесник на оркестралната симфонија.
Друг важен зачетник на симфонијата е ripieno concerto: музичка форма која наликува на концерт за жичени инструменти и за инструменти со клавијатура, но во која нема соло инструменти. Најпознато ripieno concerto е Бранденбуршки концерти бр. 3 на Јохан Себастијан Бах.