Роман III Аргир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Infobox royalty
|цар
|император
|name =Роман III Аргир<br />Ρωμανός Γ΄ Αργυρός
|full name =
|title =[[Византиски владетели|ИмператорЦар]] на [[Источно римско царство|Источното римско царство]]
|image = Miliaresion-Romanus III-sb1822.jpg
|imgw =220px
|caption =Сребрен милиаресион на Роман III.
|succession=Византиски императорцар
|reign = 15 ноември 1028 – 11 април 1034
|coronation =
Ред 23:
|mother =
}}
'''Роман III Аргир''' (968г.968 - 11 април 1034г.1034), бил [[Источно римско царство|византиски]] [[Византиски цареви|императорцар]] од [[Македонска династија|Македонската династија]] кој владеел од 15 ноември 1028г1028 г. сесè до неговата смрт на 11 април 1034г1034 г. Основач на некогашниот [[Виргински манастир|Св. Ѓорѓи Скоропостижник]] (Виргински манастир) во Скопје, урнат од Турците во 1436 г. и на чие место е изградена Султан-муратовата џамија.
 
==Стекнување царска власт==
Прашањето за наследството на престолот се поставило мошне остро бидејќи стариот цар [[Константин VIII]] немал машки деца. Неговата најстара ќерка Евдокија, заболена и осакатена од сипаници, се закалуѓерила уште на млади години. На двете помлади ќерки [[Зоја Порфирогенита|Зоја]] и [[Теодора Порфирогенита|Теодора]], иако веќе биле во повозрасно доба, им преостанала значителната улога во [[Источно римско царство|византиската]] историја на следните децении. За чудо, Константин VIII дури на смртниот одар се сетил да омажи една од нив и да и избере достоен епарх. Неговиот избор паднал на [[цариград]]скиот [[Епархија|епарх]] Роман Аргир. Позицијата на цариградскиот епарх секогаш била сметана за особено почесна. Во [[XI век]] неговото значење се зголемувало. Уште во „Книгата за церемониите“ на [[Константин VII Порфирогенит|Порфирогенит]] се вели дека епархот е татко на градот, но дури подоцна, Михаил Псел, писателот на XI век, ќе рече дека тоа е царска функција на која и недостатува само царски порфир. Како носител на ова високо удостоение и како претставник на едно од најугледните магнатски семејства, Роман Аргир бил најистакнатиот претставник на цариградското чиновничко благородништво. На [[12 ноември]] [[1028]] година, тој се венчал со педесетгодишната Зоја, а три дена потоа, по смртта на Константин VIII, стапил на престолот.<ref>Г. Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 386-387.</ref>
 
==Владеење==
===Влијание===
Роман III Аргир бил типичен [[Аристократија|аристократ]], мошне образован и, иако веќе шеесетгодишник, со се уште привлечен надворешен изглед. Државничките способности целосно му недостасувале но, како вистински епигон, полн со суета, тој се огледал на големите цареви од славното [[РимскаРимско империјаЦарство|римскоРимско]] и [[Источно римскоРимско царствоЦарство|источноИсточно римскоРимско]] минато. Еднаш го подражавал [[Марко Аврелиј]] и водел филозофски разговори, другпат го земал за пример [[Јустинијан I|Јустинијан]] и се занимавал со величествени градби, третпат се огледувал на [[Трајан]] и, вообразувајќи дека бил голем војсководец, слава барал и на бојното поле, додека најпосле не бил отрезнет од тежок пораз во еден поход во [[Сирија]]. Ситуацијата ја спасил истакнатиот војсководец Георгиј Манијакис, кој тука првпат стапил на историската сцена. Тој во повеќе наврати ја поразил непријателската војска, ја зазел [[Едеса (Сирија)|Едеса]] ([[1032]]г.) и со тоа уште еднаш ја потврдил надмоќта на Византија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 387.</ref>
 
===Подршка на аристократијата===
Роман Аргир отворено се одрекол од антиаристократската политича на [[Василиј II]] и тоа е историско најважна црта на неговото кратко, инаку, беззначајно владеење. Под притисок на благородништвото тој го отповикал алиленгионот, даночниот додаток за напуштената [[Село|селска]] земја, кого Василиј II им го наметнал на велепоседниците. Со тоа конечно бил укинат системот кој првин по облик на епибола а потоа во облик на алиленпија, ја чинел битната особина на византиското даночно уредување. Селаните не можеле, а велепоседниците не сакале па плаќаат даночен додаток. А царот Роман III, не смеел ниту да помисли, како Василиј II, да им се спротистави на интересите на големците. Постарите закони со кои на велепоседниците им се забранувало стекнување на селански и војнички имоти, не биле навистина официјално отповикани, и совесните судии се уште нив ги сметале како важечко право. Но било доволно и тоа што издавањето на закони против порастот на велепоседништвото после Василиј II оддеднаш целосно било сопрено. Зошто ако многубројните наредби од [[X век]], и покрај својата острина, не можеле да го спречат преминот на селанските и војничките имоти во рацете на благородништвото, сега при благонаклоно пасивниот став на владата, ширењето на велепоседништвото зело целосен замав. Борбата меѓу централната власт и феудалната аристократија, која се водела во текот на цел век, завршила, во политички и во стопански поглед, со одлучна победа на великодостојниците. Велепосеништвото без пречки се побрзо растело на сметка на селанските парици на благородничките и на [[манастир]]ските имоти. Тоа бил крајот на здравиот систем врз кого, почнувајќи од [[VII век]] се темелела моќта на [[Источно римско царство|Византиското царство]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 387-389.</ref>
 
==Смрт==
Меѓу царот Роман III и царицата [[Зоја Порфирогенита|Зоја]] подолго време постоела длабока неслога. Откако дошол до царската круна, Роман Аргир не покажувал веќе никакво интересирање за старата царица, почнал да ја запоставува, па дури и ги скусил и паричните средства. Меѓутоа, царицата Зоја, која штотуку почнала да ужива во радостите на тој живот, не допуштила лесно да биде елиминирана. Нејзиниот поглед се запрел на младичот [[Михаил IV Пафлагонецот|Михаил]], селанец од [[Пафлагонија]], кого неговиот брат, влијателниот дворјанин евнухот Јован Орфанотроф, го вовел во Геникејот на царскиот двор. Бидејќи како евнух и калуѓер не можел сам да претендира на царската круна, тој решил да му ја осигура на неговиот брат. И итриот евнух не се излажал во својата сметка: Зоја се заљубила во убавиот младич со сиот жар на задоцнетите страсти. И така се случило што Роман III, на [[11 април]] [[1034]] г., одненадеж умрел во бања. Истиот ден царицата се омажила за својот млад љубовник и тој се качил на престолот како цар Михаил IV.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 389.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}
 
{{Нормативна контрола}}