Оптимизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:BerlinWallMonumentWestView.jpg|thumb|десно|Берлински ѕид – западната страна на ѕидот е покриенa со графити коишто отсликуваат надеж и оптимизам -1989]]
'''Оптимизам''' — ментален став или поглед на светот кој ги толкува ситуациите и настаните како најдобри (оптимизирани), што значи дека на некој начин за фактори коишто не можат да бидат потполно разберени, сегашниот момент е во оптимална состојба. Концептот обично е проширен за да го вклучи и ставот на надеж за подобри идни услови коишто исто така се оптимални.<ref>http://www.oxforddictionaries.com/definition/english/optimism {{en}}</ref> Поширокиот концепт на оптимизмот е сфаќањето дека сè од природата, минатото, сегашноста и иднината, функционира со законите за оптимизација по примерот на принцпот на Хамилтон на оптимизација во областа на физиката. Ова сфаќање, иако е критикувано од контра ставовите како што се песимизам, иделизам и реализам, доведува до состојба на умот којшто верува дека сè е онака како што треба да биде и дека иднината исто така ќе биде добра. Вообичаен идиом којшто се користи за илустрирање на оптимизам наспроти песимизам е чаша полунаполнета со вода, кадешто оптимистот вели дека ја гледа чашата како полуполна, но, песимистот ја гледа чашата како полупразна.
 
Зборот првично е изведен од латинскиот оптимум, што значи „најдобро“. Да бидеш оптимист во буквална смисла на зборот во крајна линија значи дека го очекуваш најдобриот можен исход од било која дадена ситуација. Ова обично во психологија е наведено како диспозициски оптимизам.