Свети Кирил и Методиј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 78.40.0.4 (разговор), вратено на последната верзија на Retrohead
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 32:
Во почетокот на [[9 век|IX век]] била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна [[Бугарија]]. Во тоа време [[Византија|Византиската Империја]] доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од [[Цариград]], посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.
 
Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во [[христијанство]]то, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети [[Григориј Назијанзин]] и на [[Дионисиј Аеропагитски]]. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во [[император]]ското [[Магнаурско училиште]], каде, освен [[Богословија|богословските]] науки, се изучувале и [[граматика]], [[аритметика]], [[географија]], [[астрономија]], [[музика]], [[поезија]], [[реторика]]. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - [[латински јазик|латински]], [[еврејски јазик|еврејски]] и [[Сириски јазик|сириски]]. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата [[Света Софија (црква)|Света Софија]], а потоа бил поставен за професор по [[философијафилозофија]] во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.
 
Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај [[Сарацените]] ([[Арапите]]) во [[Багдад]], која како и [[Хазарската]] и [[Моравска мисија|Моравската мисија]] претставувале дел од политичката програма на [[Византија]], чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, [[Бугарите]], [[Русите]] и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во [[Исус Христос]], тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во [[Цариград]], каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.