Пол Морфи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-скулптор +вајар)
Ред 54:
Сѐ уште на дваесет и една годишна возраст, Морфи набргу се прославил. Додека бил во Париз, седел во хотел една вечер на разговор со неговиот пријател Фредерик Еџ кога добиле неочекуван посетител. Тој рекол „Јас сум кнез [[Галицин]]; Би сакал да го видам Г-дин. Морфи“. Морфи се претставил. Но кнезот рекол „Не, ова е невозможно! Вие сте премлад!“ Галицин потоа објаснил како бил на фронт во Сибир кога чул за „чудесните дела“ на Морфи. Потоа дополнил, „Еден од мојата свита имаше примерок од шаховскиот весник од Берлин, ''Шахцајтунг'', и одтогаш па натаму имав желба да ве видам.“ Потоа му рекол на Морфи дека мора да иде во Санкт-Петербург каде шаховскиот клуб во царската палата би го примил со ентузијазам.
 
Во Европа, Морфи насекаде бил сметан за светски првак. Во Париз, на банкет во негова чест на 4 април, 1859, бил поставен ловоров венец врз главата на биста од Морфи, резбана од скулпторотвајарот Ежен Лекесн. На сличен настан во Лондон, каде се вратил пролетта 1859, Морфи повторно бил прогласен за светски првак. Бил повикан и на приватен прием кај [[Кралица Викторија|кралицата Викторија]]. Морфи бил толку доминантен, што дури ни мајсторите не можеле сериозно да играат со него без некаков хендикеп. На една симултанка против петмина мајстори ([[Жил Арну де Ривиер]], [[Семјуел Боден]], [[Томас Вилсон Барнс|Томас Барнс]], [[Јохан Левентал]] и [[Хенри Бирд]]), Морфи победил две партии, други две бвиле нерешени, а изгубил една партија.
 
При неговото враќање во Америка, пофалбите продолжиле како што правел турнеи низ главните градови по патот накај дома. На Њујоршкиот универзитет, на 29 мај, 1859, Џон Ван Бурен, син на претседателот Мартин Ван Буреб, му врачил уверение со извикот, „Пол Морфи, Шаховски првак на светот“. Во Бостон, на банкет каде присуствувале [[Хенри Вадсворт Лонгфелоу]], [[Луис Агасиз]], градоначалникот на Бостон, претседателот на [[Харвард]], и други големци, Д-р. [[Оливер Вендел Холмс]] нашправил здравица „за Пол Морфи, шаховски првак на светот“. Накратко, Морфи бил ѕвезда. Произведувачите го барале за реклама, васниците барале да пишува шаховски колумни, а во негова чест бил именуван и безбол-клуб.