Исповедта на Лусио: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-скулптор +вајар)
Ред 2:
 
==Содржина==
Романот, составен од осум глави, претставува исповед на Лусио, кој поминал десет години в [[затвор]] поради [[смрт]]та на неговиот пријател, поетот Рикардо де Лоуреиро: Во 1895 година, Лусио пристигнува во [[Париз]], каде студира [[право]]. Таму, тој се зближува со скулпторотвајарот Гервасио Вила-Нова. Еден ден, Гервасио го запознава со богата, ексцентрична [[Американци|Американка]], која подоцна ги кани на забава исполнета со многу еротика. На забавата, Лусио се запознава со поетот Рикардо де Лоуреиро. Оттогаш, тие стануваат неразделни пријатели, а Рикардо секојдневно му ја открива својата интима на Лусио. Во декември 1896 година, Рикардо ненадејно се враќа во [[Лисабон]] и тие остануваат раздвоени една година, но во декември 1997 година и Лусио се враќа во Лисабон. Таму, тој дознава дека Рикардо во меѓувреме се оженил. Лусио секојдневно го посетува домот на Рикардо при што станува опседнат од неговата сопруга, Марта, за која не знае ништо. Лусио и Марта интензивно се дружат и постепено стануваат љубовници. Меѓутоа, по одредено време, Лусио дознава дека Марта има и други љубовници меѓу пријателите на Рикардо. Бесен поради тоа, тој заминува во Париз, но по некое време се враќа во Лисабон заради прикажувањето на еден негов [[Драмска уметност|драмски]] текст. Еден ден, случајно го среќава Рикардо, кој му објаснува дека преку неверствата на Марта тој ја искажувал својата [[љубов]] кон пријателите и дека Марта е неговото второ „јас“. Потоа, Рикардо го води Лусио во својот дом и таму со [[револвер]]от пука во Марта, но тогаш се случува чудо: Кога Лусио се освестува, тој го здогледува мртвото тело на Рикардо, револверот пред своите нозе, а Марта исчезнала. Набргу, [[полиција]]та го апси Лусио, обвинувајќи го за [[убиство]] на Рикардо.<ref>Марио де Са-Карнеиро, ''Исповедта на Лусио''. Скопје: Бегемот, 2015.</ref>
 
==Осврт кон делото==