Астрономија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 67:
== Законите на Кеплер и теоријата на Њутн ==
Копрниковата теорија била само еден вид преуредување на планетарните орбити на Птоломеј. Теоријата на античките Грци за движењето на планетитепо кружници со фиксни брзини претставува, всушност, продолжение на Коперниковиот систем. Од 1580 до 1597 година данскиот астроном Тихо Брахеги набљудувал Сонцето, Месечината и планетите од опсерваторијата близу Копенхаген, а подоцна продолжил и во Германија. Врз основа на податоците собрани од Брахе, неговиот германски асистент, Јохан Кеплер (десно), ги формулирал законите за планетарните движења, притоа давајќи точен математички опис на планетарните орбите. Со тоа тој го изнаесол заклучокот дека планетите се движат околу Сонцето не по кружни орбити со униформирано движење, туку по елиптични орбити при различни брзини и дека нивните релативни растојанија од Сонцето можат да се одредат од набљудуваните периоди на нивната револуција.<br />
Иако во Италија храбриста на Галилео да навести постоење на други светови и храброста на Џордано Бруно да се впушти во размислување за други облици на живот им донела многу страдања, во Холандија астрономот [[Кристијан ХејгенсХајгенс]], кој отворено ги застапувал идеите на Галилеј и на Бруно, бил опсипуван со почести. ХејгенсХајгенс (1629-1695) конструирал повеќе дурбини како и часовник со секундарно клатно. Тој ја открил тајната на Сатурновиот прстен, а малку подоцна го извел и законот за центрифугална сила. Во времето на ХејгенсХајгенс светлината претставувала предмет на научно истражување. Додека Снелиус ја испитувал рефракцијата, а Левнух го измислил микроскопот, самиот ХејгенсХајгенс ја поставил теоријата за брановата природа на светлината. Тој тврдел дека поведението на природата на светлината е како ширење на бранови низ вакуум, слично на движењето на брановите во морето. Многу особини на светлината, вклучувајќи ја тука и дифракцијата, можат природно да се објаснат со брановата теорија, така што идејата на ХејгенсХајгенс доминирала во годините потоа.
Британскиот физичар Сер Исак Њутн (лево) (1643-1727) се восхитувал од ХејгенсХајгенс. Тој верувал дека светлината се однесува така како да претставува струја од ситни честички, делумно и поради тоа што сенките се одликуваат со остри рабови. Сметал дека црвената светлина се состои од најголеми честички, а виолетовата од најмали. Тој усовршил едноставен принцип за да ги објасни Кеплеровите закони за планетарните движења. Преку математичко резонирање, тој дошол до заклучокот дека постои одредена привлечна сила помеѓу Сонцето и секоја од планетите. Оваа сила, која зависи од масите на Сонцето и планетите како и од растојанијата меѓу нив, претставува основа за физичко интерпретирање на Кеплеровите закони. Њутновото математичко откритие е наречено Теорија на гравитација.<br />
 
== Кон модерната астрономија ==
Ред 153:
 
[[Категорија:Астрономија| ]]
[[Категорија:Астрофизика]]