Кантабриски Планини: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 34:
Кантабриските Планини се протегаат во правец исток-запад, речиси напоредно на морето, сè до превојот Лејтариегос. а на југ меѓу [[Леон (покраина)|Леон]] и Галиција. Западната граница ја образува долината на реката [[Мињо (река)|Мињо]], долното течение на нејзината притока [[Сил (река)|Сил]] и реката Кабрера, нејзина мала притока. Југозападната граница на венецот навлегува во Португалија.
 
Од особен интерес е сложената разгранетост на планините. Се забележуваат два главни венца, од кои продолжуваат помали сртови и планински образби. Едниот дел го следи морскиот брег, додека другиот е повисок, и ја образува северната граница на големата висорамнина на [[Кастилја и Леон]] и понекогаш се смета за продолжеток на Пиринеите. Некои делови се мошне стрмни и изгледаат како да се издигаат право од морето.
 
Јужниот дел поблаго се спушта кон висорамнината на Кастилја, и тука извираат неколку поголеми реки како [[Ебро]] и течат во јужен и западен правец. Гледајќи го во целина со сите негови разгранови, кантабрискиот венц достигнува ширина од 97 км на исток до 185 км на запад. Венецот има многу врвови повисоки од 1.800 м, а највисокиот дел се издига од средишните сртови на границата меѓу Леон, [[Астурија]], [[Паленсија (покраина)|Паленсија]] и [[Кантабрија]]. Тука е сместен највисоките врвови како [[Торе де Середо]] (2.648 м), Пења Вјеха (2.648 м), Пења Приета (2.531 м) и Еспигвете (2.407 м). Од десниот брег на реката Села, во состав на Пикос де Еуропа се издига безимен врв на висина од 2.452 м, а поназапад се сместени слично високите Манподрес, Пења Убиња, Пења Рубија и Куиња. Меѓу забележителностите на ланецот се разните парамери, кои се изолирани [[висорамнина|висорамнини]] обиколени со високи планини и стрмни карпи.