Божин Проданов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:Q12273522
Ред 17:
 
Бил учител по професија и активен член на [[Македонска револуционерна организација|Македонската Револуционерна Организација]] во Егејскиот дел на Македонија. Во 1907 станал член на Околискиот комитет во Солун. По емигрирањето во Бугарија, во периодот меѓу двете светски војни, Проданов е активен меѓу македонската емиграција. Пишува статии за македонската револуционерна борба и се обраќа до бугарската и меѓинародната јавност за решавање на македонското прашање. Во јули 1945 година бил избран како советник во раководството на Илинденската организација во Софија и во тој период бил еден од најголемите поддржувачи на НР Македонија во рамките на ФНРЈ. Организацијата го исполнила ветувањето и посмртните останки на Гоце Делчев биле пренесени во Македонија.
[[Податотека:Statement from the Macedonian Public to the World Public Opinion.jpg|thumb|250п|десно|Обраќање на Павел Шатев, [[Туше Делииванов]] и [[Божин Проданов]] во [[1938]] година до светската јавност за положбата на македонскиот народ <ref>[http://www.scribd.com/full/37169342?access_key=key-s5jmg7v34botbdnt593 Обраќање на Павел Шатев, Туше Делииванов и Божин Проданов во 1938 година до светската јавност за положбата на македонскиот народ и како треба да се реши македонското прашање.]</ref> ]]
 
Во периодот меѓу двете светски војни во Бугарија егзистираа голем број македонски организации, но со превратот од 19 мај 1934 година, особено прогресивните организации на македонската емиграција беа изложени на удар. Посебно овој притисок се зголемува по Бугарско-југословенскиот пакт за вечно пријателство кој потпишан во март 1937 година во Белград, а македонските братства биле изложени на посебна контрола и цензура.
Имено, годишнината на важните историски настани од македонската историја, македонската емиграција во Бугарија ги евоцира во своите изданија, не само да се потсети на македонската револуционерна борба, туку за правилно толкување и определување на нивното место, како и за извлекување на соодветни поуки и насоки за натамошно културно-политичко делување.