Џозеф Кемпбел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 26:
'''Џозеф Џон Кемпбел''' ({{lang-en|Joseph John Campbell}}; [[26 март]] [[1904]] – [[30 октомври]] [[1987]]) — [[САД|американски]] [[мит]]олог, [[писател]] и [[говорништво|оратор]] најпознат по неговата работа на полето на [[компаративна митологија|компаративната митологија]] и [[компаративна религија|религија]].
 
Кога како мал го посетува ''Американскиот музеј за национална историја'', Кемпбел толку многу се восхитува од артефактите на [[Американски староседелци|американските староседелци]] што уште тогаш ја развива својата животна опсесија: [[мит]]от и заедничките обележја на различните [[култура|култури]], особено на оние кои никогаш и не биле во контакт.
 
Со образование се здобива во [[САД]] (на ''Универзитетот Колумбија'') и [[Европа]] (каде ги посетува ''Парискиот и'' и ''Минхенскиот Универзитетуниверзитет''). За неколку месеци научува и [[француски]] и [[германски]], јазици кои течно ги зборува до крајот на својот живот. Поради несогласувања со раководството на својот матичен универзитет, Кемпбел се откажува од понатамошното школување и обидот да се здобие со докторат.
 
Големо влијание врз Кемпбеловата философија имаат [[Карл Јунг]], [[Фридрих Ниче]], [[Зигмунд Фројд]], [[Џејмс Џојс]], [[Томас Ман]] и [[Артур Шопенхауер]]. Улогата на херојот и структурата на мономитот се најпознати плодови на неговата работа, творби чие влијание ги надминува границите на компаративната митологија. Впрочем, по излегувањето на првиот филм од серијалот ''[[Војна на ѕвездите]]'' во [[1977]] година, режисерот [[Џорџ Лукас]] ќе рече дека приказната е обликувана преку идеите обработени во ''[[Херојот со илјада лица]]'' од страна на Кемпбел.