Анемија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
дополнување, викификација
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
{{Infobox disease
| Name = Анемија
Ред 11 ⟶ 10:
| MeshID = D000740
}}
'''Анемија''', или '''слабокрвност''', е нарушување на [[крв]]та кое се јавува како последица на поголемо губење на крв, намалено производство или прекумерно уништување на црвените [[крвни клетки]] ([[еритроцити]]). Името „анемија“ започнало да се употребува во [[19 век]], а потекнува од грчките зборови „ан“ (негација) и „хаима“, што во превод би значело „без крв“.<ref>М.А.М., ''Здравје'', понеделник, 13 февруари 2017, стр. 4.</ref>
'''Анемија''' е состојба на намалување на бројот на [[еритроцит]]ите и/ или количината на [[хемоглобин]]от во [[крв]]та. Причините се различни. Може да се последица на обилно [[Хеморагија|крвавење]] или оштетување на [[Црн дроб|црниот дроб]] и [[слезина]]та при акумулација на тешки [[метали]], дефицит на [[витамин]]от B<sub>12</sub> и др. Се забележува и кај мали [[деца]] кои се хранат само со [[млеко]], во кое има дефицит на [[железо]]. [[Симптом]]и на анемијата се: [[аритмија]] на [[срце]]вата работа и деградација на [[Ткиво|ткивата]], како последица на намален транспорт и снабдување со [[кислород]].
 
==Видови анемија==
Анемијата може да се појави како акутна или како хронична. Поблагиот облик на анемија предизвикува само мали непријатности, како: замор, слабост, тромост и [[главоболка]], а за лекување на оваа анемија е доволно само да се промени начинот на [[исхрана]]. Но, хроничната анемија може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Постојат неколку видови анемија:<ref>М.А.М., ''Здравје'', понеделник, 13 февруари 2017, стр. 6-7.</ref>
* ''Сидеропенична анемија''. Таа е предизвикана од недостаток на [[железо]] во крвта, а се појавува поради недоволно внесување на овој [[минерал]] или поради негова намалена апсорпција во [[Организам|организмот]]. Најчесто се јавува кај доенчињата и децата до тригодишна возраст, кај трудниците и доилките, како и кај жените со обилна [[менструација]].
* ''Мегалобластична или пернициозна анемија''. Таа е последица на недостиг на [[Витамин Б12|витаминот Б12]] или [[фолна киселина]], што пак најчесто е поврзано со атрофичен [[гастритис]] или губење на функцијата на [[Париетални клетки|париеталните клетки]], кога доаѓа до намалување или престанок на производството на еритроцити.
* ''Апластична анемија''. Таа претставува сериозно нарушување на крвта, а е предизвикана од некативност или оштетување на [[Коскена срцевина|коскената срцевина]].
* ''Хемолитична анемија''. Таа е нус-производ на некои [[автоимуни болести]], кога доаѓа до зголемено уништување на еритроцитите. Овој тип анемија може да биде и наследен.
 
==Причини за појава на анемија==
Постојат повеќе причини коишто може да доведат до намалување на еритроцитите во крвта:<ref>М.А.М., ''Здравје'', понеделник, 13 февруари 2017, стр. 4-6.</ref>
* Телото на произведува доволно еритроцити. Поголемиот дел од крвните клетки се создаваат во коскената срцевина. Во градбата на еритроцитите и на [[хемоглобин]]от клучна улога имаат материите што се содржат во исхраната, а особено значење има железото без кое организмот не може да произведе доволно хемоглобин. Исто така, покрај железото, за производство на еритроцитите се потребни и [[Витамин Ц|витаминот Ц]], фолната киселина итн.
* Обилно крварење. Ако, поради некоја причина, дојде до обилно крварење при што организмот губи повече крв отколку што може да произведе еритроцити, тогаш доаѓа до анемија. На пример, анемијата може да се појави по породување, поради обилно менструално крварење, гастроинтестинално нарушување, подолго користење [[аспирин]] и други нестероидни антивоспалителни [[лекови]] итн.
* Намалено производство или уништување на еритроцитите поради [[болест]]. Некои болести, како [[леукемија]], [[Рак (болест)|рак]], ХИВ, [[Артритис|ревматиден артритис]], [[Кронова болест]] итн., може да резултираат во намалено производство или уништување на еритроцитите.
Во продолжение, зголемен ризик од појава на анемија имаат: доенчињата, децата до тригодишна возраст, постарите луѓе, хроничните пациенти, [[Алкохолизам|алкохоличарите]], работниците изложени на [[Отров|отровни]] хемикалии, луѓе кои боледуваат од [[анорексија]] или [[булимија]], луѓето со позитивна семејна анамнеза на анемија итн.
 
==Дијагностицирање и симптоми==
Симптомите на анемијата се разликуваат, во зависност од типот и степенот на заболувањето, општата состојба на организмот и возраста. Најчести симптоми се: слабост, замор, намалена концентрација, чести промени во расположението, втроглавица, главоболка, брмчење во [[уши]]те, краток здив, слаб апетит, бледило на [[кожа]]та, слаба циркулација (студени [[раце]] и [[нозе]]), забрзана и неправилна работа на [[срце]]то, болка во [[гради]]те, кршливост на [[нокти]]те итн. Најчесто, анемијата се дијагностицира преку лабораториска [[анализа]] на крвната слика, при што особено внимание се посветува на бројот на еритроцитите, нивото на хемоглобин, количеството на железо во крвта и големината на еритроцитите.<ref>М.А.М., ''Здравје'', понеделник, 13 февруари 2017, стр. 4.</ref>
 
==Анемијата и исхраната==
За превенција на анемијата важна улога има исхраната, којашто треба да биде богата со железо ([[зоб]], [[Леќа (род)|леќа]], [[грав]] и другите мешункасти [[растенија]], [[цвекло]], [[Пиперка|пиперки]], зелен лиснат [[зеленчук]], интегрални [[житарки]], јаткасти плодови, суви [[сливи]] и [[Кајсија|кајсии]], темно [[Чоколадо|чоколадо]] итн.). Исто така, витаминот Ц има голема улога во апсорпцијата на железото. Во случај на анемија треба да се избегнува поголемо внесување [[калциум]], којшто ја намалува апсорпцијата на железото во крвта, а истиот негативен ефект го имаат и производите што содржат [[танин]] ([[чај]], [[кафе]], газирани пијалаци итн.).<ref>М.А.М., ''Здравје'', понеделник, 13 февруари 2017, стр. 7.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Болести на еритроцитите}}
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Болести на крвта]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Анемија