Македонски фронт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Vojski vo Solun, Makedonski front.jpg|мини|Војски во Солун, Прва светска војна]]
[[Податотека:Makedonski front, borbena linija.jpg|мини|Солунски фронт, борбена линија]]
[[Податотека:Vojni;ki kamp, Makedonski front.jpg|мини|Војнички камп блиску до Солун, Прва светска војна]]
[[Податотека:Rovovi, Makedonski front.jpg|мини|Ровови, Македонски фронт, Прва светска војна]]
'''Македонскиот фронт''' (познат и како '''Солунски фронт''' или '''Јужен''') бил фронт на територијата на [[Македонија]], на која што се воделе вооружени судири во текот на [[Првата светска војна]] помеѓу силите на [[Антанта]]та и [[Централни сили|Централните сили]], во периодот од октомври [[1915]] до септември [[1918]] година. Фронтот се протегал од демаркационата линија кај [[Охрид]] (меѓу градот и манастирот [[Свети Наум]]), преку планината [[Галичица]], [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]], сртовите на планините [[Баба (планина)|Баба]], [[Ниџе]] (Кајмакчалан) и [[Беласица]], долж реката [[Места]] до Орфанскиот залив во [[Егејското Море]]. Јужно од оваа линија биле стационирани силите на [[Антанта|Антантата]] (француски, британски, српски, а подоцна и италијански и грчки единици), а северно од неа се групите на Централните сили (бугарски, германски и австро-унгарски единици).