Фашизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
дополнување
Ред 3:
'''Фашизам''' — радикална политичка [[идеологија]] и [[Листа на државни уредувања|државно уредување]] на [[крајна десница|крајната десница]] што комбинира елементи на [[корпоративизам]], [[авторитаризам]], [[национализам]], [[милитаризам]], антианархизам, [[антикапитализам]], [[антикомунизам]] и [[антилиберализам]].
 
Зборот "фашизам"„фашизам“ доаѓа од [[италијански јазик|италијанскиот]] збор „фашио“ (''fascio''), што означува "сноп"„сноп“ (во политичка или воена група или во нација), но исто така од [[фасции]]те (прачки заврзани во сноп околу [[секира]]), [[антички Рим|антички римски]] симбол на авторитетот на [[магистрати]]те. Најпрецизно, терминот произлегува од „[[фашо]]“ (множ. ''фаши'') - збор кој бил многу популарен во [[Италија]] по 90тите години на [[19 век]], а означувал најразлични (најчесто левичарски) селански револуционерни групи и движења кои полулегално дејствувале во италијанското општество.
 
Оригиналното фашистичко ([[италијански јазик|италијански]]: ''fascismo'') движење се појавило во [[Италија]] во [[1919]] година (''Fasci di combattimento'' - ''Боречки фаши'') и владеело со земјата од [[1922]] до [[1943]] година, под водството на [[Бенито Мусолини]]. Ова е всушност потесното значење на зборот фашизам, кое главно го користат историчарите.
 
Со времетекот на времето, генеричкиот термин '''фашизам''' почнал да означува цела класа на авторитарни политички идеологии, партии и политички системи. Најпознатите вакви партии, создадени по [[Прва Светска војна|Првата светска војна]] се: во [[Германија]] - [[НСДАП|Националсоцијалистичката германска работничка партија]] (Нацисти) под водството на [[Адолф Хитлер]], [[Унгарија]] - [[Партија на Стрелестиот Крст]], [[Романија]] - [[Железна Гарда]], [[Шпанија]] - [[Фалангисти]], како и [[Франција|француските]] политички движења предводени од поранешните социјалисти - [[Марсел Деа]], [[Жак Дорио]] и други. Карактеристично за сите нив е силното потпирање на државната моќ, економијата базирана на големите [[корпорации]], авторитарното укинување на граѓанските права и слободи, воведувањето на полициска држава, [[ксенофобија]]та, истакнувањето на националистичкиот дух и општо, [[Реакција (историја)|реакционерната]] внатрешна и [[Експанзионизам|експанзионистичката]] надворешна политика. Понекогаш фашизмот се употребува како [[синоним]] на [[нацизам|нацизмот]]. Некои автори ја отфрлаат пошироката употреба на терминот фашизам или исклучуваат некои од овие партии и режими.
 
Фашизмот, наспроти либералистичкиот индивидуализам и социјалистичкиот интернационализам, заговара воспоставување на заедница како услов и облик на совладувањето на кризата. Заедницата е единствена, органски расчленета држава (италијански фашизам) или единство гарантирано со крв и земја (германски фашизам). Единството на нациите се воспоставува со крвната чистота на истата. Сите разлики (културни, верски, политички и сл.) треба да се укинат затоа што тие го доведуваат во прашањето темелот на заедништвото. Теророт е легитимно средство за постигнување на "заедништво".
 
Во најшироката смисла на зборот, во политичкиот лексиокон, "фашизам"„фашизам“ денес се користи како пејоративен термин со кои се етикетира некој режим, институција или поединец како репресивен.
 
==Фашизмот како тема во уметноста и во популарната култура==
* „Фашистички ставови“ (''Fascist Attitudes'') - песна на американската група „[[Агностик фронт]]“ (''Agnostic Front'') од 1984 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=qPa2rzrl5lI YouTube, Agnostic Front-Fascist attitudes (пристапено на 22.12.2016)]</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Нормативна контрола}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Фашизам