Струшки вечери на поезијата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Поправка на името на првиот престедател на советот на СВП
Ред 20:
Ваквата идеја и иницијатива наиде на позитивен одѕив и со задоволство беше прифатена од [[Друштво на писателите на Македонија|Друштвото на писателите на Македонија]], Советот за култура на тогашна [[Народна Република Македонија]] и Народниот одбор на Општина Струга.
 
На една од своите седници, Народниот одбор на Општината во [[1962]] година формира прв фестивалски одбор од 7 членови, составен од претставници на Друштвото на писателитe на Македонија, културни и општествено-политички работници од Републиката и од Струга, чијшто претседател бил истакнатиот поет [[Ацо Шопов|Блаже Конески]]. Фестивалскиот одбор изготви програма распределена во четири вечери на кои настапија писатели од [[Македонија]].
 
Од година во година бројот на учесници на Струшките вечери на поезијата се зголемувал. Во [[1964]], тие прераснаа во општојугословенски фестивал на кој зедоа учество поети од сите републики на поранешна Југославија. А веќе наредната, [[1965]] година, фестивалот ги премина југословенските граници и поприми карактер на меѓународна поетска манифестација на која настапија еминентни поети од неколку земји: [[Бугарија]], [[Италија]], [[Полска]], [[Романија]], поранешниот [[Советски Сојуз]] и поранешна [[Чехословачка]]. Бројот на земјите учеснички се зголемуваше. По четири години, во [[1968]] година, на средбите настапија поети и есеисти од 17 земји.