Трескавец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Напишаното не соодветствува со православната терапија.
Ред 19:
 
==Преданија==
[[File:Treskavec-MKD.JPG|thumb|250px|Поглед од високо на манастирската црква и комплекс]]
Народната традиција го зачувала споменот за изградбата на манастирот Трескавец. Еве што вели самото предание:
„Местото Светец е една ширинка на запад ко ќе одиш од [[Маркови Кули]], пред Црвени Стени пред да дојдиш, широка ледина позната како Светец. Таму сакале мештаниве да го градат манастиров, црквава. Се вели дека тука мајсториве работеле дење, меѓутоа ноќе се забележувала некоја необична светлина која се движела некаде околу полноќ, како да поминува некоја невидлива сила, некој светец кој свети, ќе трепка, ќе замини и оди кон Богоројца. И таму ги најдувале алатите остаени, кај шо е Трескавец сега манастиро. Утрото пак ги земале, пак граделе, нели започната градба, меѓутоа пак, пак истото се случува до вечерта граделе, од вечерта се појавува светлина, утрото алатите ги нема, на два-три пати то се случило, ете божја волја е тука да не се гради и отогаш таја светлина не се појавила. Се верува дека во одреден период во годината, обично во летно време при полна месечина ко ќе биди, некаде пред празнико [[Св. Илија]] ако бидиш буден че можиш да ја видиш таа светлина, светецо како врви, само треба да останиш буден во то време, ако бидиш таму на тоа место“.
 
[[File:Treskavec-MKD.JPG|thumb|250px|Поглед од високо на манастирската црква и комплекс]]
Народното предание недвосмислено ни говори дека самото име на манастирот Трескавец претставува еден од атрибутите со кој се изразува митолошкиот Громовник кој со христијанизацијата се оваплотува во ликот на [[пророкот Илија]]. На тоа не упатува појавата на светецот во вид на светлина и тоа точно пред празникот на најпо.итуваниот огнен светец, громовникот [[Св. Илија]]. Ако на тоа додадеме дека веќе научно е докажано дека местото на манастирот било култно светилиште на [[Аполон]], чија хипостаза е христијанскиот светец [[Св. Илија]], тогаш зачуваните претстави во народната меморија за изградбата на манастирот можеме да ги прифатиме за длабока вистина. Врската на самата местоположба на манастирот со трескањето на Громовникот ја забележала и народната метеорологија на опитните [[Варош]]ани - земјоделци и сточари кои доколку се појават темни облаци од страната на Златоврв велат: „Еве го иди [[Св. Илија]] - сигурно ќе грми и треска!“
 
За трескањето на громот од кое се разрушила едната купола по што манастирот го добил своето име запишал и македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>.
[[File:Трескавец 1930.jpg|thumb|мини|лево|Манастирот Трескавец сликан за време на научната експедиција на Загрепската минералошка школа во 1930]]
 
Трескањето е меморирано и во едно друго народно предание, запишано од Ј. Хаџи-Васиљевиќ, кој во врска со преименувањето на месноста од [[Златоврв]] во Трескавец вели дека откако царицата Кала Марија(Елена), жената на Бајазит посакала да се причести во манастирот, а тоа не ѝ било дозволено од страна на владиката, толку се налутила што наредила да се заколат сите калуѓери (300 на број). Понатаму преданието кажува дека по овој чин од крвта на калуѓерите излегол страшен ѕвер: змеј/змев кој владеел со манастирот цели 160 години се додека еден ден Бог не пуштил гром на големото црковно кубе кое паднало врз змејот и го убило. „До овој момент“ - вели преданието – „и манастирот и целата планина се викале Златоврв, а од тогаш населението ги нарекло Трескаец по зборот треска - како што се нарекува громот во овој крај“.