Обединети нации: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис - Обединети нации
Ред 52:
Наспроти неуспехот, идејата за лигата не умрела. Првата насоченост кон создавање на новата организација дошла во 1941, кога американскиот претседател [[Френклин Рузвелт]] и британскиот премиер [[Винстон Черчил]] ја потпишале Атланската Повелба, во која тие се обврзале да работат во формирањето на поефективен систем за зачувување на светскиот мир и за унапредување на соработката. Во 1942 претставниците на Антантата-коалиција во Втората Светска војна која се борела против [[Германија]] и [[Јапонија]] - потпишале декларација од Обеденетите Нации прифаќајќи ги принципите на Атланската Повелба. Декларацијата ја вклучува првата формална употреба на терминот [[Обединети нации]], име измислено од претседателот Рузвелт. Една година подоцна, четири земји од Антантата- САД, [[Британија]], [[СССР]] и [[Кина]] се согласиле да формираат генерална меѓународна организација. Четирите држави се сретнале во 1944 во Думбартон Оакс, населба во [[Вашингтон]], и испланирале повелба за новата организација. Новата лига ја нарекле Обединети нации. Но тие сѐ уште не можеле да се согласат околу определени детали како членството и гласачките права.
 
[[Податотека:United Nations Member States-1945.png|мини|500п|ОН во 1945. Во светло-сино се земјите-основачи. Во темно сино се протектротатите и територии на земјите-основачи.]]
Четирите држави се сретнале пак во почетокот на [[1945]] на самитот во [[Јалта]]. Овде, тие ги разрешиле нивните разлики и свикале цонференција на нциите за да ја комплетираат нивната работа. На 25 април 1945, конференцијата на ОН на меѓународна организација одржана во [[Сан Франциско]], со присуство на делегати од 50 држави. Делегатите работеле два месеца за да ја комплетираат Повелбата на ООН која ги вклучува нивните цели, принципи и организациска структура. Повелбата содржела формална спогодба насочена кон сите светски нации за заедничка поставеност на основните правила кои владеат во нивните односи. ООН формално започнала да постои од 24 октомври 1945.