Гроб: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Гробовите можат да содржат [[Архитектура|архитектонски]] [[Објект|објекти]], структури и делови кои на [[Археологија|археолозите]] ќе им обезбедат појаснување за животот и [[Култура|културата]] за времето во кое настанал гробот. Во некои религии се верува дека [[Тело|телото]] мора да биде недопрено, за да преживее [[Душа|душата]].
 
 
Гробот претставува вечен дом на покојните, како таков тој е табуизиран и сакрален. Местото за погребување на починатите најчесто се поставувало на некој рид (за да имаат прегледност). Починатите се закопуваат на местата каде се погребани и нивните претци, членови на семејството. Ретко се случува некој да биде погребан на друго место и тоа само по сопственото барање или во случај да загинал во војната, далеку од сопствениот дом. Се случувало по посебна желба на покојниот да биде закопан на некое гранично место (меѓа помеѓу имотите, граница помеѓу селата или регионите) поради што постоеле судири меѓу луѓето. Ова се правело поради табуизација на могилата, самото тоа значело дека тоа место нема да се скрнави, преместува или да претставува понатаму проблем за заинтересираните страни.
Ред 12 ⟶ 11:
Гробовите на починатите до година дена од погребот биле посетувани, за душата на покојниот се раздавала храна, се носело цвеќе, се кадел гробот, се пресипувал со вино. За да го покажат своето пристигање на гробот луѓето кршеле орев, бадем или лешник врз надгробната плоча, каменот или крстот. Понекогаш врз гробовите саделе растенија со трње, за дивите зверови и демонски животни да не го вознемируваат починатиот, но и да го заштитат од повампирување. Во Јужна Србија постои верување дека сушите настануваат доколку живите не искажат доволно почит кон починатите, во такви пригоди се одело на гробишта каде се раздавало за душата на починатите, а дрвените крстови се полевале со вода, некаде се носеле во река за да се потопат, па биле враќани на гробовите. Се верувало дека доколку гробот не се исчисти на задушниците и празниците посветени на мртвите и доколку над гробот не се раздаде храната каква што ја сакал покојниот, тој може да им наштети на домашните, да усмрти некое корисно животно, дури и да го разболи лицето што му предизвикало лутина.<ref>Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.</ref>
== Гробот како тема во уметноста и во популарната култура ==
Гробот се јавува како честа тема во [[уметност]]а и во [[Популарна култура|популарната култура]], како:
* „Закопување на мртвите“ - песна од поемата на [[Томас Стернс Елиот]] „[[Пуста земја]]“ од [[1922]] година.<ref>T. S. Eliot, ''Izabrane pesme''. Beograd: Rad, 1977. Beograd: Rad, 1964, стр. 41-43.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Гроб