Александар III Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 30:
Во [[334 п.н.е.]], со 40 000 војници го започнал својот против [[Персија]] и навлегол во Мала Азија преку Хелеспонт, кај Сест. Првиот судир со персисиката војска се случил кај реката Граник на Пропонтида. По победата, Александар продолжил со својот пробив. Градот Сард се предал без борба, а во градовите во Ајолида и Јонија, меѓу кој бил и ефес, го пречекале како ослободители. Единствено Милет и Халикарнас се спротиставиле. По овие освојувања ја поделил војската на два дела, едниот дел на чело со Парменион заминал во Сард каде што требало да презими, а другиот дел тргнал во поход преку Карија, Ликија и Памфилија, освојувајќи ги сите градови и тврдини. Во [[333 п.н.е.]], во Гордион, престолнината на [[Бриги|фригиските]] кралеви (Гордиј и Мида), се собрала целата војска. Тука, според една легенда, Александар го пресекол со меч неразврзливиот гордиев јазол, со што го исполнува пророштвото дека ќе загосподари со Азија. Во освоените територии најчесто го задржувал постојниот административен систем: сатрапиите – основни административни единици на чело со сатрапи, а најчесто Персијците, ја имале цивилната и воената власт, освен во Лидија, каде што бил поставен Македонец. Финансиската власт ја раководеле Македонци, а македонската војска ја контролира освоената територија.
 
Првата битка со ''големиот крал'' (крал на кралевите) [[Дариј III]] се случила [[битка кај Ис|кај ИсосИс]] во [[333 п.н.е.]], каде што Александар со својата војска победил, а Дариј избегал од бојното поле. Во Феникија ги освојува Тир и Газа. Во Египет бил дочекан како ослободител и бил прогласен за фараон. Во градор Мемфис, египетските свешеници му ја предале двојната круна на египетските фарони. Во 331 п.н.е, на делтата на реката Нил го основал градот Александрија. Преку Сирија, навлегол во северна Месопотамија. Во 331 п.н.е во битката кај Гавгамела извојувал победа против бројна персиска војска. По победата, се прогласил за крал на Азија и влегол во градот [[Вавилон]], еден од главните центри на Персиското Царство. Отаму, продолжил кон срцето на Персија и ја освоил Суза, втората престолнина на персиската држава, а набргу вонегови раце се нашол и градот Екбатана. Неговата потера на персискиот крал Дариј завршила во Хекантопил, каде што било пронајдено телото на Дариј Кодоман (бил убиен од персисикиот сатрап Бес). По закопувањето на Дариј, со сите кралски почести, Александар како персиски крал се упатил на север кон Хирканија и Партија, области на југ од Каспиското Море. Во периодот помеѓу 330 – 327 п.н.е, Александар престојувал во Бактрија и Согдијана. Во Бактрија во 327 п.н.е, се оженил со иранката Роксана, која подоцна го родила неговиот син Александар. Во походот во Индија, кај реката Хидасп во 326 п.н.е, Александар ја водел својата последната битка против Пор, кралот на Пенџап. По големата победа над овој индиски владетел, ги присоединилземјите од оваа страна на Инд кон својата империја. На местото на битката кај Хидасп, Александар го основал градот Никаи (Победа), а во близина подигнал уште еден град, наречен Букефала, во чест на неговиот коњ Букефал. На бреговите на реката Хифаст подигнал дванаесет жртвеници на боговите и столб на кој пишувало Овде застанал Александар.
 
На врќање од Индија, на брегот на реката Инд, основал нова Александрија, еден од 17-те градови под ова име. На брегот на Индискиот Океан, неговата војска се поделила на два дела, едната под команда на Александар се движела по копно, а другата под команда на Неарх, пловела 80 дена. По враќањето од својот индиски поход, Александар планирал нови походи. Тој наредил да се извршат подготовки за поморско патување околу Арапскиот Полуостров до Картагина и до островите на Херакле (Мелкарт), најстариот теснец меѓу Европа и Африка (денес Гибралтар). Овие планови, пропаднале поради неговата смрт.