Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ivica83 (разговор | придонеси)
Нова чешма
Ред 190:
 
:::::::::Ако добро го сфатив Македонец, идејата е битната дискусија во поглед на разликите во имињата да се смести во Општина Куманово, а самото име да биде и во статијата за селата, на пример во некаква заграда...? Ако е така, тогаш и јас мислам дека е сосема елегантно решение т.е. се задржуваат битните факти, но не се преоптарува статијата. По пат, ова е премногу администрација за релативно едноставен проблем, барем од аспект на правилата на Википедија. --[[User:Ivica83|Ivica83]] <small>([[User talk:Ivica83|разговор]])</small> 12:06, 2 јуни 2016 (CEST)
 
== Актуелна политичка ситуација во Македонија ==
Вака, после долго време отсуство од Википедија разгледав што и како стои во поглед на актуелната политичка ситуација во Македонија и релевантните поими во неа (пример, аболиција), нивно присуство, отсуство итн. Единствено нешто на кое реагирав беше статијата за Зоран Заев кај која навистина недостасуваше основен модикум за да се нарече непристрасна. Уредив што уредив и беше вратена назад повторно. Реагирав на самата статија и очекувам тоа да се реши на начин што ќе биде во линија со правилата на Википедија. Прашањето ми е пошироко: кога во некоја точка ќе треба да се ажурираат статиите поврзани со сегашната ситуација а кои полека влегуваат во историјата на Република Македонија, дали како во случајот со Заев за секоја од тие статии ќе има наддавање кој медиум може да се користи (во конкретната статија спорот е за линк до Курир кој не ни постои како и за линк до Фокус кој лесно може да се замени) и се спомнуваат штабови. Лично, немам интерес ни време да навлегувам длабоко во ова, ама ова мислам треба да се реши бидејќи инаку македонската Википедија де факто ќе зема страни во дневна политика, што се надевам не е целта.