Разлика помеѓу преработките на „Галилео Галилеј“

Додадени 348 бајти ,  пред 5 години
с
с (Отстрането уредувањето на 146.255.91.210 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06)
Концептот на инерцијата го решил проблемот со стрелата. Стрелата лета иако инерцијата е доминантна, но гравитацијата постојано ја влече надолу. Галилеј покажал дека спојот на инерцијата и гравитацијата значи дека патеката на проектилот, на пр. на стрелата низ воздухот, ќе биде крива линија позната како парабола. Влијанието на воздушниот отпор е да ја забави стрелата така што таа ќе падне. Идеите на Галилеј биле огромен чекор напред во разбирањето на силата на движењето, и претставувале темел за работата на [[Исак Њутн]] и неговите три [[Њутнови закони|закони за движењето]]. Првите два [[Њутнови закони|закони на Њутн]] се всушност преправено откритие на [[инерција|инерцијата]] на Галилеј и на сфаќањата дека забрзувањето зависи од релативната димензија на силите и на предметите, односно масата на предметите. Така откритијата на Галилеј се во основата на нашето знаење за буквално секое движење во вселената, од движењето на атомите до кружењето на галаксиите.<ref name="a"/>
==Натамошни истражувања==
[[Податотека:04. Галилеево топче.ogg|мини|десно|300п|Галилеево топче: Опит за [[пловност]]а на едно тело во течности со разни густини. Извел: проф. [[Оливер Зајков]]. Институт за физика, [[ПМФ]], Скопје]]
Во 1609г. Галилеј слушнал за стаклото што зголемува, што го открил холандскиот оптичар Ханс Липерсхејл. Иако никогаш не се запознале, Галилеј констуирал свој инструмент и потоа ја зголемил моќта на зголемувањето од 3 до 30 пати, изработувајќи го така првиот астрономски [[телескоп]]. Галилеј заработил малку пари или добил некакви ветувања кога ѝ го понудил [[телескоп|телескопот]] на војската, а потоа го употребил инструментот за набљудување на небото. Прво забележал дека [[Месечината]] не е мазна и совршена сфера како што тврдел Aристотел, туку нерамна, релјефна површина со планини и со [[Кратер|кратери]]. На 7 јануари 1610 г. Галилеј го набљудувал [[Јупитер]]. Видел обоени прстени на планетата, но и чудни светли точки, две од десна страна на планетата и една од левата. мислел дека тоа се оддалечени ѕвезди, но следната ноќ уочил дека сите три точки преминале на левата страна од [[Јупитер]]. Кога на 13 јануари видел уште една светла точка, сфатил дека тоа не се [[ѕвезди]], туку четири мали месечини – [[Сателити на Јупитер|сателити]] – што кружат околу планетата. сите биле вчудовидени бидејќи знаеле дека Земјата е во центарот на вселената, но тие четири сателити кружеле околу [[Јупитер]], а не околу [[Земјата]]. Сателитите кои ги добиле имињата Ио, Европа, Ганимед и Калисто, денес во негова чест се викаат месечините на Галилеј. <ref name="a"/>