Дојче банк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 28:
===Глобална банка, 1989- ===
Во текот на [[1990]]-тите, Дојче банк извршила дополнителни превземања и формирање на експозитури во странство. Со преземањето на британската трговска банка „Морган Гренфел“ во [[1989]] година, Дојче банк навлегла на американскиот пазар. Во [[октомври]] [[2001]] година, Дојче банк започнала да котира на [[Њујоршка берза|Њујоршката берза]]. Следната година, Дојче банк го зајакнала своето присуство во САД преку купувањето на „Скудер инвестмент“. Во меѓувреме, Дојче банк купила неколку банки во [[Европа]], како: „Норисбанк“, „Берлинер банк“ и „Дојче Мејлер“. По тригодишни градежни зафати, во [[2007]] година било целосно реновирано седиштето на компанијата на Дојче банк - кулите близначки во Франкфурт. Во [[2010]] година, Дојче банк отворила [[казино]] кое работело со загуба до неговата продажба во [[мај]] [[2014]] година.<ref>[https://www.db.com/en/media/Deutsche-Bank-History--Chronicle-from-1870-until-today.pdf Deutsche Bank, History Chronicle (пристапено на 3.2.2016)]</ref>
 
==Корпоративно управување и менаџмент==
Главните органи на управување и раководење во Дојче банк се:
* Надзорен одбор
* Управен одбор
* Советодавен одбор
* Извршен одбор
 
Надзорниот одбор<ref>[https://www.deutsche-bank.de/en/content/company/Supervisory-Board.htm Deutsche Bank, Supervisory Board (пристапено на 1.2.2016)]</ref> врши надзор и го советува Управниот одбор во управувањето на Дојче банк. Големите одлуки кои влијаат на банката бараат претходно одбрување од Надзорниот одбор. Исто така, Надзорниот одбор ги именува членовите на Управниот одбор. Надзорниот одбор ја надгледува ефикасноста на работата набанката на редовна основа.
Во продолжение, Надзорниот одбор ги назначува следниве седум постојани комисии:<ref>[https://www.deutsche-bank.de/en/content/company/Supervisory-Board.htm Deutsche Bank, Supervisory Board (пристапено на 1.2.2016)]</ref>
* Комисија за ризик
* Комисија за посредување
* Комисија за контрола на надоместоци
* Комисија за интегритет
* Претседавачка комисија
* Одбор за ревизија
* Комисија за номинирање
 
Управниот одбор е одговорен за раководење со банката. Примарна одговорност на Управниот одбор е стратешкиот [[менаџмент]] на Групацијата, алокација на ресурсите, финансиското [[сметководство]] и известување, управувањето со [[ризик]] и корпоративната контрола. Според Статутот на Дојче Банк, Управниот одбор може да формира советодавни одбори и регионални совети кои го советуваат раководството за прашања кои се однесуваат на развој на бизнисот, [[економија]]та, [[Економски раст|растот]] и политичкото и социјално опкружување на основните [[пазар]]и и [[Индустрија|индустрии]].<ref>[https://www.deutsche-bank.de/en/content/company/Management-Board.htm Deutsche Bank, Management Board (пристапено на 1.2.2016)]</ref>
 
Извршниот одбор се состои од членовите на Управниот одбор, високи преставници од деловните линии кои работат со клиенти и раководство од регионите именувано од Управниот одбор. Извршниот одбор служи како алатка за координирање на деловни активности и региони. Негова основна задача и одговорност е обезбедување на постојано формирање на Управниот одбор за деловниот развој, редовен преглед на деловните сегменти, давање совети на кабинетот на Уравниот одбор за стратешки одлуки итн.
 
== Наводи ==