Разлика помеѓу преработките на „Димитар Мирчев“

Додадени 5.602 бајти ,  пред 5 години
Ажурирање на податоци на 28.01.2016 год.
(Ажурирање на податоци на 28.01.2016 год.)
[[Податотека:Prof.D.Mircev.jpg|thumb]]
'''Димитар Мирчев''' (роден во [[1942]] година) е македонски универзитетски професор, политиколог и поранешен амбасадор. Дипломирал на Правниот факултет во [[1966]] година на [[Универзитетот во Белград]] (политичко-управна насока), магистрирал на политички науки во [[1971]] год. на [[УКИМ|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”]], Скопје, а со титулата доктор од политички науки се здобива на [[Универзитетот во Љубљана]] во [[1977]] год. Специјализација: Методологија на општествени истражувања на Универзитетот во Брадфорд, ВБ, [[1969]]-[[1971]] г. Пост-докторска специјализација: Јавна политика и меѓународни односи, Универзитет во [[Питсбург]], [[САД]], [[2003]]-[[2004]] година.
'''<u>Димитар Мирчев</u> Македонски универзитетски професор, Професор Емеритус по политички науки, редовен член на Европската академија на науки и уметности, Салцбург, Австрија, во Оделот за општествени науки, право и економија.'''
 
'''Роден е во Сливен , 1942 г. Основно и средно образование завршил во Скопје а високо во Белград, на Правниот факултет (Управно-политичка насока), во септември 1965. Специјализирал методологија на општествени науки на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија, 1969-1971 г. Магистрирал 1971 г. во Скопје, на политички науки, на тема „Изборниот процес во Англо-саксонските земји“. Докторирал во јануари 1977 г., на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана, на тема од политички науки, „Критика на граѓанските теории на партиципацијата“. Во 2003-2004 г. бил на пост-докторски претстој на Школата за јавни работи и меѓународни односи на Универзитетот во Питсбург, САД.'''
Димитар Мирчев бил редовен професор по политичка социологија и политички систем на [[Филозофскиот факултет во Скопје]] и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје ([[1992]]-[[1993]]). Од 1993-1999 г. е вонреден и ополномоштен [[амбасадор на Република Македонија]] во [[Ватикан]] и [[Словенија]]. Актуелно е декан на Факултетот за политички науки на [[ФОН Универзитет]]от и раководител на последипломските студии на ФОН Универзитетот.
 
'''Научната кариера ја започнал како асистент на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, 1967 г., каде подоцна е избиран за научен соработник и научен советник. На интердисциплинарните студии по новинарство, на Правниот факултет во Скопје е наставник од 1983 до 1986 г. Од 1990 г. е редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје и во еден мандат- раководител на Институтот за социологија. Во 1992-3 е проректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во периодот 2010-2012 г. бил декан на Факултетот за политички науки на Универзитетот ФОН во Скопје. Наставник е на Дипломатската академија на МНР во Скопје. Редовен професор и ментор е на студиите на Европскиот центар за мир и развој на ООН во Белград. Предавал со свои тематски циклуси на универзитетите во Љубљана, Питсбург, Загреб, Сараево, Валенција. Бил ментор на 55 магистри и доктори на науки.'''
Димитар Мирчев е основач и Претседател на [[Европското движење во Република Македонија]], Амбасадор на мирот на Универзалната светска федерација за мир и член на [[Глобалниот светски совет за мир]]. За особени заслуги во дипломатијата и меѓународното разбирање, во 1998 год. папата [[Јован Павле II]] го прогласил за [[Витез]] на редот на [[Свети Грегориј Велики]]. Димитар Мирчев е член на Комитетот на правни специјалисти на [[IPSA]], Меѓународната асоцијација за политички науки и редовен член на Меѓународната академија на природни и хуманитарни науки „Кнезови Шчербатови“, Москва.
 
'''Добитник е на највисоките награди за придонес на науката и образованието во Република Македонија: Св. Климент Охридски, 2006 г., „11 октомври“, 2012 г. и „13 ноември“, 2015 г. Во 1998 г. Светиот отец, Папата Јован Павле Втори го прогласи за Витез на Големиот крст на Св. Грегориј Велики а за неговиот придонес за дипломатијата, мирот и разбирањето меѓу народите. Во јавната и дипломатска кариера- бил член на Уставната комисија на Собранието на РМ, 1991-2 г. и на работната група која го подготви Нацрт- уставот на РМ од 1991 г., посебен пратеник на Претседателот на Републиката за надворешни мисии 1991-1993 г. и прв македонски амбасадор во светот ( Словенија и Ватикан ), 1993-1999 г.  Сега е член на Советот за меѓународни односи на Претседателот на РМ и член на Националниот совет за евро-интеграции на Собранието на РМ, како и член на Националната комисија за соработка со УНЕСКО. Основач е и Почесен претседател на Европското движење во Македонија како и Претседател на Македонското политолошко друштво.'''
 
'''Проф. д-р Димитар Мирчев се смета за еден од лидерите на ткн. Македонска либерална пролет. Како учесник во студентските настани 1968 и подоцна како застапник на идеи за демократизација на СКМ и општеството, бил сменет од партиските должности. Оневозможено му е какво и да е истражување, јавно публикување, настапи, настава итн. Од тие причини докторира во Љубљана а од 1983 г. преоѓа на работа во Љубљана, во Југословенскиот центар за теорија и практика на самоуправувањето „Едвард Кардељ“ каде ја води научно-истражувачката и меѓународна дејност. ЦК ЦКМ оневозможува да стане директор на тој центар.'''
 
'''Во 1990 г., се враќа во Македонија каде активно се вклучува во процесот на осамостојување, независност и плурализација. Како член на Уставната комисија на Собранието на РМ, учествува во изработката на Уставот на Македонија од 1991 г. како и на Декларацијата за сувереност и независност на РМ. Обавува дипломатски мисии и активности во странство како пратеник на првиот претседател на РМ, К. Глигоров. Во јуни 1993 г. е именуван и ја презема должноста на прв амбасадор на РМ во Словенија, а од 1995 г. и во Светиот престол- Ватикан. Во 1998 година одликуван е од Неговата светост, папата Јован Павле Втори со витештво на Големиот крст на Св, Грегориј Велики а за заслуги во дипломатијата, мирот и разбирањето меѓу народите.'''
 
'''Како универзитетски професор и научен работник, објавил над 180 трудови, универзитетски учебници, студии, монографии и статии, добар дел од нив во странство. Предавал на универзитетите во Скопје, Љубљана, Загреб, Сараево, Валенција, Питсбург. Денес е член на Советот за меѓународни односи на Претседателот на РМ, член на Националниот совет за евро-интеграции на Собранието на РМ и член на Националната комисија за соработка со УНЕСКО.''' 
 
'''( Проф. д-р. Виолета Ачкоска. 2011. Лекции од историјата на современата македонска држава, 1944-1991. Скопје: Филозофски факултет на УКИМ, стр. 198)'''
 
== Публикации ==
'''Објавил околу 200 научни трудови, универзитетски учебници, монографии, есеи и истражувачки извештаи, во земјата и во странство, на англиски, словенечки, хрватски, српски.'''
Димитар Мирчев остварил обемен опус во повеќе општествени области (науката, образованието, политиката и јавноста). Неговите постигања се препознати и признати во Македонија и во странство. Објавил над 180 написи, книги, статии и монографии од областа на политологијата, политичката социологија и надворешната политика. Во текот на својата научно-истражувачка, образовно-воспитна дејност бил ментор на повеќе од 40 магистерски и 22 доктори на науки во областа на политичките и социолошките науки и евро-интеграциите.<ref>[http://www.fon.edu.mk/prof.aspx?pid=1&ln=mk Проф. д-р Димитар Мирчев Факултет за политички науки]</ref> Голем број од овие магистри и доктори денес се наставници или истражувачи на [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|универзитететите во Скопје]], [[Универзитет „Св. Климент Охридски“|Битола]], на [[ЈИЕ во Тетово]], на [[ФОН Универзитет|ФОН]], некои од нив работат во македонската дипломатија, новинарството, јавната администрација и култура. Преку Европското движење во Македонија чиј основач и претседател е, тој има организирано и одржано стотина трибини, натпревари во европски знаења, семинари и школи на кои земаат учество многу средношколци и студенти.
 
'''Последниве години објавил повеќе монографии, студии и учебници а на повеќе јазици е објавена неговата Тетралогија „Македониум“:'''
* '''Драмата на плурализацијата. Политологија на кризата и систем­ски­те промени. Скопје: Магазин 21, 1991, стр. 183.'''
 
* '''Политичките говори на совремието. Избор. Скопје: Мисла, 1998, стр. 200.'''
 
* "'''The Macedonian Foreign Policy 1991-2006". 2006. UniversitySkopje: FONEURM-AZ-BUKI. Skopjep.176.'''
 
* '''Модерната политологија. Темелите на проучувањето на политичкиот живот. (заедно со Др. Лидија Христова). Универз. учебник. 2008. Скопје: Култура и Универзитет ФОН. Стр. 439'''
 
* '''Македонија во Транзицискиот тунел. Политоскоп и сатирикон на последната петолетка. 2011. Скопје: Дневник. Стр. 278'''
 
* '''Quo vadis Македонијо?  Разговори во политичкиот етер. (заедно со С. Стаменов). 2014. Скопје: ССтаменовс Публ. 2014. Стр, 190'''
 
       '''Тетралогијата МАКЕДОНИУМ, 2012-2015'''
* '''Балканскиот мегаетникум. Националните доктрини на македонските соседи. ВИГ Зеница. Скопје, 2012. Стр. 279'''
'''(The Balkan Mega-Ethnos. National Doctrines of Macedonia’s Neighbours. Toronto, Canada: Risto Stefov Publications. 2015. Pp.355'''
 
'''Balkanski mega-ethnikum. Nacionalne doktrine makedonskih sosed. Ljubljana: Univerza v Ljubljani, Fakulteta za druzbene vede, 2015. Str. 220'''
 
'''Balkanski megaetnikum. Nacionalne doktrine makedonskih suseda. Beograd: UN/ECPD. 2015 , str. 240'''
* '''Ферментација на демократијата и нацијата. Сите македонски политички пролети 1943-1973.  Скопје: Силсонс, 2013, стр. 119'''
 
* '''Идентитет и суверенитет. Скопје: Макавеј, 2014. Стр. 210'''
 
* '''Европеизам. Либерализам. Македонизам.  Скопје: Зојдер, 2015. Стр. 198'''
* „Политолошки компендиум“. 2003. Универзитет ФОН, Скопје
* "Macedonian Foreign Policy 1991-2006". 2006. University FON. Skopje.
* „Модерната политологија. Темелите на проучувањето на политичкиот живот“ (заедно со Др. Лидија Христова). 2008г. Култура, Скопје и Универзитет ФОН.<ref>[http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=107C705B31E71D4CBA0F5EEE9FF062B5 „Модерната политологија“ од д-р Димитар Мирчев и д-р Лидија Христова] -Утрински Весник</ref>
 
== Наводи ==
5

уредувања