Панкреас: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Одбиена последната промена (од 217.196.207.180) и ја поврати преработката 3371928 на KasparBot
Ред 24:
Егзокрината функција на панкреасот е претставена со лачењето на [[Панкреасен сок|панкреасниот сок]], кој има важна улога во [[варење]]то на [[храна]]та во [[Систем за варење|дигестивниот систем]]. Токму затоа често панкреасот се смета како дел од овој систем. Ендокрината функција на поджелудочната жлезда се состои во лачењето на два мошне значајни [[хормони]] - [[инсулин]] и [[глукагон]], кои учествуваат во регулацијата на нивото на [[глукоза]] (во секојдневието познато како шеќер) во [[крв]]та, односно состојбите на [[хипогликемија]] и [[хипергликемија]].
 
== '''Физиологија''' ==
=== Егзокрина функција на панкреасот ===
Панкреасниот сок се излачува од панкреасот преку панкреасниот канал во дванаесетпалечното црево. Тој е смеса од протеолитички [[ензим]]и во форма на [[проензим]]и (неактивна форма на ензимот) - [[трипсиноген]] и [[химотрипсиноген]]. Тие се активираат во [[Тенко црево|тенкото црево]] во [[трипсин]] и [[химотрипсин]]. Овие ензими ги разложуваат [[протеин]]ите до прости белковини и [[Аминокиселина|аминокиселини]]. Во панкреасниот сок има и два ензими кои ги разложуваат [[Нуклеинска киселина|нуклеинските киселини]] ([[ДНК]] и [[РНК]]) до [[мононуклеотид]]и. Дневната количина на излачен панкреасен сок е од 800 до 1500 cm<sup>3</sup>.