Михаил IV Пафлагонецот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 36:
 
===Зета===
[[Дукља|Зетскиот]] кнез [[Стефан Воислав]] повеќе години водел борба за независност на својата земја. Неговото прво востание против [[Источно римско царство|византиската]] власт не успеало ([[1035]]г.) но, по привременото потчинување и краткото време помината во византиското ропство, успеал да се врати во својата земја, да ја обнови борбата за нејзино ослободување и да извојува повеќе победи над византиските казнени експедиции. Кога потоа востанијата на Петар Делјан и Тихомир ги ангажирало сите византиски сили на [[Балкан]]от и ја срушило византиската власт во [[Драч]], Воислав значително ја засилил својата позиција. По задушувањето на [[Востанието на Петар Делјан|Делјановото востание]], Византија се обидела да се пресмета и со непокорниот кнез на Зета. Откако воспоставила власт во Драч, таа во [[1042]]г. испратила против него поголема војска, а ги повикала и вазалските владетели на [[Рашка]], [[Босна (регион)|Босна]] и [[ЗахумљеЗахумје]] да и се придружат. Меѓутоа, во зетските клисури Воислав целосно ја уништил војската на византискиот стратег и со оваа победа осигурал конечна независност за своето кнежевство. Неговата власт се проширила и над [[Травунија]] и ЗахумљеЗахумје. На тој начин Зета успеала прва да се ослободи од византискиот суверенитет.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 391-392.</ref>
 
==Смрт==