Ангус Дитон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Научна дејност: дополнување
Ред 26:
 
==Научна дејност==
Дитон првпат се прочул со трудот „Речиси идеален систем на побарувачка“ (AIDS), разработен заедно со [[Џон Милбауер]] и објавен во [[1980]] г. во ''American Economic Review'' („Американска економска ревија“). Делото претставува елегантен приод кон побарувачката и дава произволна приближување од прв ред за секој систем на [[побарувачка]] кој ги задоволува аксиомите на избор, но притоа одбегнувајќи ги непожелните особини на другите модели. Имено, Дитон е заслужен за поставувањето систем на равенки со кои е можно да се одреди оптималната структура на потрошувачката по одделни групи производи што би ја избрало едно репрезентативно домаќинство. Тој предложил поопшта математичка функција која е поблиска до реалноста и со тоа овозможувапосоодветно агрегирање на индивидуалната потрошувачка на домаќинствата. Овој модел Дитон го применил на потрошувачката на домаќинствата во Британија.<ref>Владимир Филиповски, „Нобелова награда за економија 2015: Потрошувачката на домаќинствата меѓу благосостојбата и сиромаштијата“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 209, ноември 2015, стр. 28-31.</ref>
 
Во [[1978]] г. Дитон станал првиот добитник на Фришовиот медал кој го доделува Економетриското друштво за труд објавен во списанието ''Econometrica''. Дитон е член на Економетриското друштво, дописен член на [[Британска академија|Британската академија]], како и член на [[Американска академија на уметностите и науките|Американската академија на уметностите и науките]]. Има почесна диплома од Римскиот универизтет „Тор Вергата“, [[Универзитетски колеџ Лондон|Универзитетскиот колеџ Лондон]] и [[Универзитет во Сент Ендрус|Универзитетот во Сент Ендрус]]. Во [[2007]] г. ебил избран за претседател на [[Американско економско здружение|Американското економско здружение]]. Во [[2011]] г. ја добил наградата за [[економија]], [[финансии]] и управување на задолжбината BBVA за неговите темелни придонеси кон теоријата[[теорија]]та на потрошувачката[[потрошувачка]]та и [[Штедење|заштедите]], како и за мерилата за економска благосостојба. Има разработено и реперна методологија за мерење на сиромаштијата.
 
Дитон го има поставено и т.н. „Дитонов парадокс“ врз основа на неговите увиди во прекумерната рамномерност на потрошувачката во присуство на непредвидените шокови во [[Перманентен доход|перманентниот доход]]. Имено, во 1980-тите, тој ја преиспитал теоријата на [[Милтон Фридман|Фридман]] за одредување на потрошувачката според перманентниот доход и заклучил дека неочекуваните промени во тековниот доход немаат само привремени ефекти, туку влијаат и врз перманентниот доход. На тој начин, перманентниот доход би требало да се менува повеќе од тековниот доход, а не помалку, како што предвидува теоријата на Фридман.<ref>Владимир Филиповски, „Нобелова награда за економија 2015: Потрошувачката на домаќинствата меѓу благосостојбата и сиромаштијата“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 209, ноември 2015, стр. 28-31.</ref>
 
Дитон има голем придонес и во проучувањето на потрошувачката во [[земји во развој|земјите во развој]]. Тој бил вклучен во големиот меѓународен проект под покровителство на [[Светска банка|Светската банка]], кој вклучувал и анкетирање на домаќинствата од земјите во развој со цел да се анализира структурата на нивната потрошувачка и начинот на мерење на сиромаштијата. Дитон утврдил дека порастот на доходот на домаќинствата во [[Индија]] повеќе се одразува врз пораст на вкупната потрошувачка на [[храна]], а двојно помалку во пораст на внесот на [[Калорија|калории]]. Со тоа, тој докажал дека сиромашните луѓе не се сиромашни поради ниската [[продуктивност]], туку тие се непродуктивни затоа што се сиромашни, т.е. затоа што не внесуваат доволно калории.<ref>Владимир Филиповски, „Нобелова награда за економија 2015: Потрошувачката на домаќинствата меѓу благосостојбата и сиромаштијата“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 209, ноември 2015, стр. 28-31.</ref>
 
Покрај анализата на поведението на домаќинствата на [[Микроекономија|микроекономско]] ниво, Дитон истражува и на полињата на глобалната [[сиромаштија]], [[здравство|здравствената]] економика и [[економски развој|економскиот развој]]. Во тој поглед, Дитон утврдил дека е важно да се одреди висината на т.н. глобална линија на сиромаштијата и дека не постои механичка врска меѓу стапката на [[Стопански раст|стопански раст]] и намалувањето на сиромаштијата.<ref>Владимир Филиповски, „Нобелова награда за економија 2015: Потрошувачката на домаќинствата меѓу благосостојбата и сиромаштијата“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 209, ноември 2015, стр. 28-31.</ref>
 
Во 1978 г. Дитон станал првиот добитник на Фришовиот медал кој го доделува Економетриското друштво за труд објавен во списанието ''Econometrica''. Дитон е член на Економетриското друштво, дописен член на [[Британска академија|Британската академија]], како и член на [[Американска академија на уметностите и науките|Американската академија на уметностите и науките]]. Има почесна диплома од Римскиот универизтет „Тор Вергата“, [[Универзитетски колеџ Лондон|Универзитетскиот колеџ Лондон]] и [[Универзитет во Сент Ендрус|Универзитетот во Сент Ендрус]]. Во 2007 г. е избран за претседател на [[Американско економско здружение|Американското економско здружение]]. Во 2011 г. ја добил наградата за економија, финансии и управување на задолжбината BBVA за неговите темелни придонеси кон теоријата на потрошувачката и заштедите, како и за мерилата за економска благосостојба. Има разработено и реперна методологија за мерење на сиромаштијата.
 
Дитон го има срочено и т.н. „Дитонов парадокс“ врз основа на неговите увиди во прекумерната рамномерност на потрошувачката со оглед на непредвидените потреси во трајните приходи. Покрај анализата на поведението на домаќинствата на микроекономско ниво, Дитон истражува и на полињата на глобалната сиромаштија, [[здравство|здравствената]] економика и [[економски развој|економскиот развој]].
 
Автор е и на популарниот двегодишен додаток „Писма од Америка“ (''Letters from America''), во Билтенот на Кралското економско друштво.<ref>{{нмс|url=http://www.princeton.edu/~deaton/letters.html|title=Letters from America|work=princeton.edu}}</ref>