Разлика помеѓу преработките на „Критериум ди Дофине 2014“

Нема измена во големината ,  пред 4 години
с
нема опис на уредувањето
с
{{Инфокутија Велосипедски тркачки извештај
| name = Критериум дуди Дофине 2014
| image =
| image_caption =
| youth_color = white
| team = {{ct|AST|2014}}
| previous = [[Критериум дуди Дофине 2013|2013]]
| next = [[Критериум дуди Дофине 2015|2015]]
}}
 
'''Критериум ди Дофине 2014''' — 66. издание на велосипедската [[етапна трка]] [[Критериум дуди Дофине|Критериум ди Дофине]], која била организирана од ''Amaury Sport Organisation''. Трката била составена од осум етапи, започнувајќи на 8 јуни во [[Лион]], а завршувајќи во [[Куршевел]]. Дофине е сметана како голема подготовка за претстојниот [[Тур де Франс 2014|Тур де Франс]] и голем број на фаворити за титулата на Тур настапиле на Дофине.<ref>{{нмс|author=Даниел Бенсон|url=http://www.cyclingnews.com/races/criterium-du-dauphine-2014/preview|title=Критериум дуди Дофине 2014: Преглед|publisher=Cyclingnews.com|accessdate=8 јуни 2014}}</ref> Претставувала шеснаесетта трка во сезоната на [[Светска турнеја UCI 2014|Светската турнеја]].
 
Трката била освоена од Американецот [[Ендру Талански]] {{ct|GRS|2014}}, кој до победата стигнал на последната етапа на изненадување на многумина, пред фаворитот [[Алберто Контадор]] од {{ct|SAX|2014}}, кој заостанувал 27 секунди зад победникот. Како третопласиран бил [[Јурген ван ден Брук]] од {{ct|LTB|2014}}, кој доцнел дополнителни осум зад Контадор и 35 секунди зад Талански.<ref>{{нмс|title=Талански го победи Контадор!|url=http://www.telegraf.mk/sport/162995-talanski-go-pobedi-kontador|work=Телеграф|date=15 јуни 2014|accessdate=17 јуни 2014}}</ref>
== Пласман ==
 
На Критериум ди Дофине 2014 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка со сина лента.<ref name="Regs">{{нмс|title=2013 Critérium du Dauphiné: Le règlement particulier|language=француски|trans_title=2013 Critérium du Dauphiné: Special rules|url= http://www.letour.fr/criterium-du-dauphine/2013/docs/CDD13_reglement_fr.pdf|format=[[PDF]]|work=[[Критериум дуди Дофине]]|publisher=Amaury Sport Organisation|accessdate=11 април 2014}}</ref> Овој пласман бил сметан за најважен на Критериум ди Дофине 2014 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
 
Дополнително, постоел бодовен пласман наградуван со зелена маичка.<ref name="Regs"/> За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови за завршување во првите десет на етапа. На сите етапи, победата носела 15 бода, второто место 12 носело 12 бода, третото 10, четвртото 8, петтото 6 и еден помалку за секое место надолу сè до еден бод за 10. место. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 5 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.<ref name="Regs"/>
{{Светска турнеја UCI 2014}}
 
[[Категорија:Критериум дуди Дофине]]
[[Категорија:Светска турнеја UCI 2014]]
[[Категорија:Франција во 2014 година]]