Нобелова награда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 14:
Нобеловите награди им се доделуваат генерално на луѓе (или во случајот на [[Нобелова награда за мир|Нобеловата награда за мир]], исто така и на организации) што постигнале извонредни [[истражување|истражувања]], измислиле револуционерни [[техника|техники]] или [[направа|направи]], или оствариле извонреден учинок во [[општество]]то. Во областите во кои наградата се доделува, таа се смета за највисок дострел во светот. До март [[2005]], доделени се вкупно 770 Нобелови награди. Неколку добитници ја имаат одбиено наградата.
 
По негова желба околу 31,5 милиони шведски круни се издвоени за основање на фондацијатаНобеловата „Нобел“задолжбина, а таа сума денес изнесува околу 1,5 милијарди шведски круни (162 милиона евра).
 
Признанијата за медицина, физиологија, хемија, физика, економија и книжевност се доделуваат во [[Стокхолм]], а во [[Осло]] се доделува наградата за мир.
Ред 39:
</blockquote>
 
Иако со тестаментот на Нобел биле основани наградите, неговиот план бил некомплетен и поради најразлични други пречки потребни биле пет години за да се оформи Нобеловата фондацијазадолжбина и да се доделат првите награди во 1901 година.
 
== '''Номинирање и избор''' ==
Ред 85:
== '''Медали на Нобелова награда''' ==
Медалите на Нобеловата награда, кои биле ковани од Минтверкет во Шведска и ковачницата во Норвешка од 1902 година, се регистран заштитен знак на Нобеловата фондацијазадолжбина. Нивните изгравирани дизајни се меѓународно признаени симболи на престижот на Нобеловата награда. На секој од овие медали е претставена слика на левиот профил на Алфред Нобел и тоа на нивната предна страна (лицето на медалот). Четири од петте медали на Нобеловата награда (физика, хемија, физиологија или медицина и литература) се карактеризираат со истата слика на нивните лица(предни страни). Опачините на медалите на Нобеловата награда за физика и хемија делат еден дизајн. Кај медалот на Нобеловата награда за мир и [[Нобелова награда за економија|медалот на Банката на Шведска за економски науки]] имаат уникатни лиоквни решенија.
 
Медалите за Нобеловата награда за физика, хемија, физиологија или медицина и литература имаат идентична предна страна: на неа е претставена сликата на Алфред Нобел и годините кога се родил и починал (1833–1896). Портретот на Нобел исто така се јавува и на медалот на Нобеловата награда за мир и на медалот за наградата за економија, но малку поразлично е претставен. Сликата кој е претставена на опачината се разликува во однос на институцијата која ја доделува наградата. Сите медали кои биле направени пред 1980 година биле исковани од 23 каратно злато. Денес, тие се направени од 18 каратно зелено злато кое е позлатено со 24 каратно злато. Секој од нив тежи приближно 200 g и има дијаметар од 66 mm.
Ред 110:
Една приказна тврди дека причината за ова е тоа што партнерката на Нобел имала љубовна врска со математичар, иако никогаш не било докажано дека ова се случувало, ниту пак тоа би можело да биде причината за испуштањето на математиката и доколку ваквата љубовна врска навистина постоела. Одредени добитници на Нобелова награда во некои други области исто така имале значајни достигнувања или постигнале истакнати придонеси во математиката; како на пример, Бертранд Расел кој бил награден со Нобелова награда за литература (1950 година) и Макс Борн и Валтер Боте кои ја поделиле Нобеловата награда за физика (1954 година). Некои други научници кои имаат напредни квалификации во математиката и/или кои се примарно познати како математичари биле наградени со наградата за економски науки на Банката на Шведска во сеќавање на Алфред Нобел: Кенет Ероу (1972 година), Леонид Канторович (1975 година), Џон Форбс Неш (1994 година), Клајв В. Џ. Гренџер (2003 година), Роберт Џ. Оман (кој ја поделил наградата во 2005 година со Томас Ц. Шилинг) и Роџер Мајерсон и Ерик Маскин (2007 година).
 
Неколку награди за математика имаат одредени сличности со Нобеловата награда. Натпреварот за медал (The Fields Medal) често се опишува како "Нобелова награда за математика", но разликата е во тоа што оваа награда се доделува само еднаш во четири години на личности кои не се постари од четириесет години. Постојат и други престижни награди за математика како што е Крафурдовата награда која ја доделува Кралската шведска академија на науките од 1982 година; Абеловата награда која исто така била нарекувана "Нобелова награда за математика" и која се доделува од страна на норвешката влада секоја година почнувајќи од 2003 година; Волфовата награда која се доделува еднаш годишно од страна на Волфовата фондацијазадолжбина; Наградата на Шо за математички науки која почнала да се доделува од 2004 година; Гаусовата награда која се доделува заеднички од страна на [[Меѓународна математичка унија|Меѓународната математичка унија]] и Германското математичко општество за "истакнати математички допринеси кои нашле значајна примена надвор од областа на математиката" и која е воведена на Меѓународниот конгрес на математичари во 2006 година. Математичкиот институт на Клеј измислил седум "Милениумски проблеми" чии што решенија се наградуваат со парична награда: исто така и оваа награда се разликува од Нобеловите награди по тоа што таа има јасна, однапред одредена цел која се наградува и по тоа што оваа награда може да биде доделена тогаш кога ќе се најде решение на некој проблем.
 
=== '''Истакнување на откритија над изумите''' ===